Преодни услуги за одлагање на отпадот до воспоставување на регионален систем за управување со отпад
Главни цели на проектот
Целокупната цел на проектот е да се затворат и рехабилитираат старите диви депонии и ѓубришта во источниот регион, овозможувајќи преодни услуги за одлагање на отпадот до воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад.
Проектни компоненти-резултати
Договорот за градежни работи за затворање на дивите депонии и ѓубришта во источниот регион го опфаќа следново:
- Чистење на дивите депонии и мали ѓубришта во источниот регион со ископување на отпадот и транспорт на откопаниот отпад
- Санација и затворање на минимум четири (4) стари депонии во источниот регион со преобликување и изградба на покривен слој, вклучително и системи за собирање на исцедок и гасови каде што е потребно.
- Преобликување на минимум пет (5) стари депонии во источниот регион, изградба на дренажа за собирање исцедок, каде што е потребно. Депониите нема да бидат затворени, но остануваат во функција до завршувањето на регионалниот центар за управување со отпад.
Тип на проект
Договор за градежни работи
Вредност на проектот
4.565.601 eur
Датум на започнување
Датум на завршување
Статус на проект
Завршен
Корисници на проектот
Министерството за животна средина и просторно планирање
Краен корисник
Меѓуопштински одбор за управување со отпад на Источен регион и 11 општини од Источен регион (Штип, Пробиштип, Кочани, Карбинци, Виница, Чешиново-Облешево, Зрновци, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово)
Општина Свети Николе и нивните јавни комунални претпријатија.
Меѓуопштински одбор за управување со отпад на Северо-источен регион и 6 општини од Северо-источен регион (Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Kратово, Ранковце и Крива Паланка) и нивните јавни комунални претпријатија
Изведувачи
GOKSIN INSAAT LTD-BURSA
ESKAVATORI MK DOOEL SKOPJE
Сектор одговорен за спроведување
Сектор за Европска Унија
Сектор за отпад