Затворање на диви депонии и ѓубришта во источен и североисточен регион

Преодни услуги за одлагање на отпадот до воспоставување на регионален систем за управување со отпад
Министерство за животна средина и просторно планирање
Main Objectives

Целокупната цел на проектот е да се затворат и рехабилитираат старите диви депонии и ѓубришта во источниот регион, овозможувајќи преодни услуги за одлагање на отпадот до воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад.

Project Outputs/Activities

Договорот за градежни работи за затворање на дивите депонии и ѓубришта во источниот регион го опфаќа следново:

  • Чистење на дивите депонии и мали ѓубришта во источниот регион со ископување на отпадот и транспорт на откопаниот отпад
  • Санација и затворање на минимум четири (4) стари депонии во источниот регион со преобликување и изградба на покривен слој, вклучително и системи за собирање на исцедок и гасови каде што е потребно.
  • Преобликување на минимум пет (5) стари депонии во источниот регион, изградба на дренажа за собирање исцедок, каде што е потребно. Депониите нема да бидат затворени, но остануваат во функција до завршувањето на регионалниот центар за управување со отпад.
Project type
Construction contract
Project budget
4.565.601 eur
Start date
End date
Project status
Finished
Beneficiary
Министерството за животна средина и просторно планирање
End Beneficiary
Меѓуопштински одбор за управување со отпад на Источен регион и 11 општини од Источен регион (Штип, Пробиштип, Кочани, Карбинци, Виница, Чешиново-Облешево, Зрновци, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово)
Општина Свети Николе и нивните јавни комунални претпријатија.
Меѓуопштински одбор за управување со отпад на Северо-источен регион и 6 општини од Северо-источен регион (Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Kратово, Ранковце и Крива Паланка) и нивните јавни комунални претпријатија
Contractor's name
GOKSIN INSAAT LTD-BURSA
ESKAVATORI MK DOOEL SKOPJE
Responsible Implementing Department within MoEPP
Сектор за Европска Унија
Сектор за отпад