МК НИ 09 Употреба на средства за заштита на растенијата

59
МК НИ 09
Употреба на средства за заштита на растенијата
Дефиниција

Средствата за заштита на растенијата, односно пестицидите се хемиски супстанции кои ги супримираат болестите и штетниците кај растенијата. Овој индикатор ги дава количествата на употребуваните средства за заштита на растенијата како фунгициди, хербициди, инсектициди и категорија вкупно, во која влегуваат, покрај наведените и други средства за заштита на растенијата.

Единици

Прикажани се вкупните количества во тони од употребуваните супстанции, процентуалната застапеност на разни групи на пестициди како и нивната примена на хектар обработлива површина (kg/ha).

Клучно прашање за политиката

Дали се зголемува количеството на употребени пестициди во земјоделството?

Клучна порака

Употребата на пестициди во земјоделството, кое ги вклучува сите средства за заштита на растенијата како фунгициди, хербициди, инсектициди и вкупното количество, покажува тренд на намалување во употребуваното количество од 2000 до 2005 година, нагло зголемување во 2006 и повторно намалување до 2012 година.

Употребата на фунгициди од 2000 до 2006 покажува тренд на варијации на намалување и зголемување, во периодот од 2006 до 2012 година се намалува за 77,66%. Употребата на хербициди се намалила за 80%, на инсектициди се намалила за 52%. Вкупната употреба на пестициди истотака покажува тренд на варијации на намалување и зголемување од 2000 до 2006 година, додека од 2006 до 2012 година вкупната употреба на пестициди во земјоделството се намалила за 71,72%.

 

График 1. Употребени средства за заштита на растенијата

CSI_09_Zemjodelstvo2020_gr1

График 2. Процентуална застапеност на средствата за заштита на растенијата

CSI_09_Zemjodelstvo2020_gr2

График 3. Вкупно употребени средствата за заштита на растенијата на вкупно обработлива површина (kg/ha) од (земјоделски претпријатија и земјоделски задруги)

CSI_09_Zemjodelstvo2020_gr3

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Годишни статистички извештаи, Државен завод за статистика
http://www.stat.gov.mk

Оценка

Во периодот од 2000 до 2006 година употребата на пестициди во земјоделството покажува варијации на намалување и зголемување, во периодот од 2006 до 2012 опаѓање од 336 на 95 тони. Во однос на процентуалната застапеност на средствата за заштита на растенијата, во периодот од 2000 до 2012 година најмногу се употребуваат фунгицидите. Во 2012 година, најмногу се употребуваат фунгицидите со 68,42%, потоа инсектицидите со 21% и хербицидите со 10,52%.

Вкупно употребените средствата за заштита на растенијата на вкупно обработлива површина од земјоделските претпријатија и земјоделски задруги изразени во килограми на хектар, од 2006, кога употребата била најголема, до 2012 година, се намалиле од 5,08 на 2,09 kg/ha, што претставува намалување за 58,85%.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Процентуалната застапеност на разни групи на пестициди како фунгициди, хербициди и инсектициди се добива кога количеството на одделната група се дели со вкупното количество на употребуваните пестициди, а потоа добиената вредност се множи со сто. Примена на одделните групи на хектар обработлива површина се добива кога вкупното количество на употребуваната група на пестициди изразена во kg се дели со вкупната обработлива површина од (земјоделски претпријатија и земјоделски задруги) во Република Северна Македонија изразена во ha.

Цели

Нема специфични цели

Обврска за известување

нема

Општи мета-податоци
Тема Земјоделство Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски промени, Почва и користење на земјиште
Код на индикаторот MK НИ 09 Временска покриеност 2000-2012
Име на индикаторот Употреба на средства за заштита на растенијата Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 18.08.2020
Тип   Подготвено/ажурирано од: Арминда Рушити
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: а.rushiti@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 09 Употреба на средства за заштита на растенијата EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа F4,Pesticide consumption
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 2. End hunger, achieve food security and improved nutrition and promote sustainable agriculture
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не
02.04.2021