МК НИ 055 Просечна старост на патните моторни возила

92
МК НИ 055
Просечна старост на патните моторни возила
Дефиниција

Овој показател ги класифицира патните моторни возила според видот на моторното возило (патнички автомобили, автобуси, товарни возила и влечни возила) и просечната старост на републичко ниво.

Единици
  • процент (%).
Клучно прашање за политиката

Дали замената на возниот парк резултира со намалување на просечната старост на возилата?

Клучна порака

Од податоците во разгледуваниот период, за сите категории возила, може да се забележи дека најголем удел во вкупниот број на возила имаат возилата со старост над 10 години.

Просечната старост на патничките автомобили, има растечки тренд кој се движи помеѓу 14,43 и 19,50 години, со тоа што кај автобусите се забележува променлив тренд на опаѓање и растење и се движи помеѓу 15,4 и 20 години. Просечната старост на товарните возила има тренд на опаѓање до 2011 година, по што следи раст до 2020 година, и се движи помеѓу 14,71 и 16,90. Кај влечните возила, просечната старост има максимум во 2001 година од 16,12 години, потоа забележлив е падот во 2004 година со вредност од 13,61 година по што трендот е генерално променлив во периодот 2004-2021 година, а се движи помеѓу 12,01 и 14,30 години.

 

График 1. Удел на патничките автомобили според просечната старост на возилата во вкупниот број на патнички автомобили

CSI 055 2022 MK_g1

 

График 2. Удел на автобусите според просечната старост на возилата во вкупниот број на автобуси

CSI 055 2022 MK_g2

CSI 055 2022 MK_g3

 

График 3. Удел на камионите според просечната старост на возилата во вкупниот број на камиони

CSI 055 2022 MK_g3

 

График 4. Удел на влечните возила според просечната старост на возилата во вкупниот број на влечни возила

CSI 055 2022 MK_g4

 

График 5. Просечна старост на возилата

CSI 055 2022 MK_g5

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, Министерство за внатрешни работи

http://www.stat.gov.mkhttp://mvr.gov.mk

Оценка

Емисиите на загадувачките супстанции кои потекнуваат од транспортот имаат големо влијание во вкупните емисии на загадувачки супстанции во воздухот. Поради ова, особено е важно да се обновува возниот парк. Од податоците во разгледуваниот период, за сите категории возила, се забележува дека бројот на возилата има тренд на покачување, но за жал и понатаму најголем удел во вкупниот број на возила имаат возилата со старост над 10 години, што укажува на доста стар возен парк, кој има негативно влијание на вкупните емисии на загадувачките супстанци во воздухот.

Просечната старост на патничките автомобили, има растечки тренд кој се движи помеѓу 14,43 и 19,50 години, со тоа што кај автобусите се забележува променлив тренд на опаѓање и растење и се движи помеѓу 15,4 и 20 години. Просечната старост на товарните возила има тренд на опаѓање до 2011 година, по што следи раст до 2020 година, и се движи помеѓу 14,71 и 16,90. Кај влечните возила, просечната старост има максимум во 2001 година од 16,12 години, потоа забележлив е падот во 2004 година со вредност од 13,61 година по што трендот е генерално променлив во периодот 2004-2021 година, а се движи помеѓу 12,01 и 14,30 години.

Кај патничките автомобили уделот во вкупниот број на возила, во 2021, во однос на 1990 година, со старост над 10 години има тренд на зголемување од 205,04%, со старост помеѓу 5 и 10 години има тренд на намалување од 47, 37%, со старост помеѓу 2 и 5 години има тренд на намалување од 17,65% и возилата со старост до 2 години има тренд на намалување од 61,11%.

Уделот на автобусите со старост над 10 години во 2021 во однос на 1990 година има тренд на зголемување од 36, 84%, додека уделот на автобусите со старост помеѓу 5 и 10 години има тренд на намалување од 75%. Автобусите со старост помеѓу 2 и 5 години имаат променлив тренд кој се движи помеѓу 0% и 13,2%, додека автобусите со старост до 2 години имаат променлив тренд кој се движи помеѓу 0% и 11,1%.

Уделот на товарните возила со старост над 10 години во 2021 во однос на 1990 година има тренд на зголемување од 141,35%, со старост помеѓу 5 и 10 години има тренд на зголемување од 45,24%, со старост помеѓу 2 и 5 години има тренд на зголемување од 73,68% и уделот на товарните возила со старост до 2 години бележат тренд на зголемување од 80%.

Уделот на влечни возила со старост над 10 години во 2021 во однос на 1990 година има тренд на зголемување од 4,57 пати, со старост помеѓу 5 и 10 години има променлив тренд и се движи помеѓу 21,4% и 48,6%, со старост помеѓу 2 и 5 години има тренд на намалување од 16,67% и возилата со старост до 2 години имаат променлив тренд кој се движи помеѓу 0% и 13%.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците за индикаторот се добиваат од бројот на патните моторни возила според видот и годината на производство се подготвуваат според старосните групи и се пресметуваат како однос на бројот на патните моторни возила според старосни групи во однос на вкупниот број на патните моторни возила според видот (учество). Збирот на учеството (%) од сите видови на патните моторни возила според старосните групи треба да изнесува 100 (%), во однос на вкупниот број на патните моторни возила според видот на возилата според старосните групи.

Цели

Сеопфатна цел на Националната транспортна стратегија е да се развие хармонизиран транспортен сектор што е меѓународно компатибилен и интегриран во системот на ТЕН-Т мрежите, што го стимулира економскиот и социјалниот развој на земјата, ја зачувува животната средина и ги обезбедува потребите на идните генерации.

Обврска за известување

Меѓународни:

  • Eurostat

Национални:

  • Статистики на транспорт – годишно
Општи мета-податоци
Тема Транспорт Поврзаност со други теми/сектори ВоздухКлиматски промени,
Енергија, Здравство, Бучава
Код на индикаторот MK НИ 055 Временска покриеност 1990-2021
Име на индикаторот Просечна старост на патните моторни возила Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 17.10.2022
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Мартина Спасовска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
m.toceva@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 055 Просечна старост на патните моторни возила EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа H4. Age of road motor vehicle fleet
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 9, Industry, innovation and infrastructure
11, Sustainable cities and communities
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
28.11.2022