МК НИ 028 Вкупна енергетска интензивност

80
МК НИ 028
Вкупна енергетска интензивност
Дефиниција

Вкупната енергетска интензивност претставува однос помеѓу вкупно потребната енергија (или вкупната потрошувачка на енергија) со бруто-домашниот производ.

Вкупната потрошувачка на енергија се пресметува како збир на вкупно потребната енергија од: цврсти горива, нафта, природен гас, електрична енергија и обновливи извори.

Во пресметката на индикаторот по години е користен Бруто-домашниот производ – БДП во милиони евра (по тековен курс), со забелешка дека за 2020 година во пресметката се користат претходни податоци објавени од Државниот Завод за Статистика.

Вкупната потребна енергија (или вкупната потрошувачка на енергија) се изразува во илјади тони еквивалент на нафта, а бруто-домашниот производ во милиони евра.

Индикаторот „Вкупната енергетска интензивност” се изразува во килограми еквивалент на нафта на 1000 евра (kgoe/1000евра).

Исто така, индикаторот се пресметува и во индекси со базна 2000 година (2000=100).

Единици
  • килограми еквивалент на нафта на 1000 евра (kgoe/1000евра)
Клучно прашање за политиката

Дали ќе се задржи или интензивира опаѓачкиот тренд на вкупната енергетска интензивност?

Клучна порака

Вкупната енергетска интензивност во Република Северна Македонија забележува пад од 64,0 индексни поени во 2020 во споредба со 2000 година.

Во 2020 во споредба со 2019 година енергетската интензивност има пад од 3,45%, односно пад од 1,28 индексни поени.

Сепак, и покрај погоренаведеното, во периодот 2000-2020 година може да се забележи генерално поволен тренд на намалување на eнергетската интензивност.

График 1: Вкупна енергетска интензивностза периодот 2000-2020 годинаCSI_028_Energija2022

 

 

Опфат на податоциexcel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk

Оценка

Се забележува генерално опаѓачки тренд на вкупната енергетска интензивност во нашата земја од 2000 година до 2020 година. Во 2020 во споредба со 2000 година е забележан пад на енергетската интензивност од 64 индексни поени како резултат на зголемувањето на БДП од 160% во 2020 година во споредба со 2000 година.

Од временската серија може да се забележи генерално поволен тренд на намалување на eнергетската интензивност, при што во 2020 година во споредба со претходната 2019 година се забележува пад од 3,45% заради намалување на вкупната потребна енергија од 8,8% и намалување на БДП во 2020 година (прелиминарни податоци од Државниот Завод за статистика) во споредба со 2019 за 5,6%.

Компаративната анализа на потрошувачката на енергија во однос на БДП, т.н. индикатор за енергетска интензивност, покажува дека Република Северна Македонија спаѓа во групата на земји со релативно висока потрошувачка на енергија, прво во транспортот, второ кај домаќинствата (така, заради долгорочното третирање на цената на електричната енергија како социјална категорија, во резиденцијалниот сектор значително количество на електрична енергија се користи за греење), трето кај индустриските капацитети.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Статистичка методологија за пресметка:

  • Регулативата за енергетски статистики на Европскиот парламент и советот (Регулатива бр.1099/2008).
  • „Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998″
  • Национална класификација на дејности НКД Рев.2 (”Службен весник на Република Македонија” бр. 147/2008).
Цели

Целта која треба да се оствари во ЕУ е на 1.000 долари БДП, да се троши 0,2 еквивалентни тони енергија, а во Република Северна Македонија целта е 0,75 еквивалентни тони енергија.

Обврска за известување
  • Eurostat, ECE/UN и IEA/OECD.
Општи мета-податоци
Тема Енергија Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски промени, Води, Почва и користење на земјиште, Природа, Земјоделство, Шумарство, Отпад, Домаќинства, Транспорт, Здравство, Туризам, Економија на животната средина ресурси, Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 028 Временска покриеност 2000-2020
Име на индикаторот Вкупна енергетска интензивност Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Р Датум на последна верзија 26.08.2022 
Тип Б Подготвено/ажурирано од: Стојна Манева
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: stojna.maneva@stat.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 028 Вкупна енергетска интензивност EEA – Европска агенција за животна средина IND-7/CSI 028 , ENER 017
Final energy consumption by sector and fuel in Europe
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа G3/87-88 – Energy intensity
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 7 – Ensure access to affordable, reliable, sustainable and modern energy for all,
12 – Responsible consumption and production
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да
10.11.2022