Меџити: УСАИД партнер во многу проекти за екологијата што го подобруваат животниот стандард на граѓаните

17.10.2024
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска на работна средба ја прими делегацијата на Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) предводена од Џери Дајбл, директорка на УСАИД за Северна Македонија.

Меџити оствари средба со министерот за животна средина на Република Косово, Либурн Алиу

16.10.2024
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска одржа важна средба со министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу. Ова е прва официјална посета на министерот Алиу по формирањето на новата влада.

Меџити се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија Жељаско Радуков

16.10.2024
Скопје, 16.10.2024 г. Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија, Жељаско Радуков.

МЖСПП со унапредена соработка со Европската инвестициска Банка

16.10.2024
Скопје, 16.10.2024 г. Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити  денеска со директорот на канцеларијата на Европската инвестициска банка (ИЕБ) во Скопје, Бјорн Габриел, разговараа за тековната соработка и за унапредување на координацијата

Меџити: Подобрувањето на квалитетот на воздухот еден од стратешки приоритети на Владата

14.10.2024
Скопје, 14.10.2024, - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес присуствуваше и имаше обраќање на презентацијата на резултатите за изворите на загадување на воздухот во пет општини, организиран од Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП).

Меџити оствари средба со шефот на СЗО во РСМ Аким Али

14.10.2024
Скопје, 14.10.2024г. - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари прва средба со претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) и шеф на Канцеларија во Скопје, Аким Али.

ПОКАНА ДО МЕДИУМИТЕ

13.10.2024
Во понеделник, на 14.10.2024, со почеток од 13 часот во хотелот Александар Палас во Скопје ќе се одржи настан на кој ќе се презентираат резултатите од загадувањето на воздухот во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Средба на Лашкоска со Германскиот парламентарен државен секретар д-р Хофман

08.10.2024
08.10.2024г., Хамбург, СР Германија - По иницијатива на Германското Сојузно Министерство за екологија, заштита на природата, нуклеарна безбедност и заштита на потрошувачите (BMUV), заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, денес, на маргините на министерскиот состанок, одржа средба со германскиот парламентарен државен секретар д-р Бетина Хофман.

Информација за достапност на  Студија за ОВЖС

08.10.2024
Информација за достапност на  Студија за оцена на влијание врз животната средина за проект -  “Инсталација за реупотреба, обновување и рециклирање на литиум – јонски батерии“ во општина Македонски Брод, за потребите на инвеститорот “Друштво за управување со отпадна електрична и електронска опрема „ПОЛБЛУМЕ -ПОМ“ ДОО с. Челопек - Брвеница, подружница „ПОЛБЛУМЕ - ПОМ“ и информација за одржување на јавна расправа

Лашкоска во Хамбург на министерски состанок за Зелена Агенда за Западен Балкан

08.10.2024
08.10.2024г., Хамбург, СР Германија - Во рамки на Берлинскиот процес и одбележување на неговата 10годишнина, денес во Хамбург се одржа прв годишен Министерски состанок за Зелена Агенда за Западен Балкан