(27.01.2025г) Согласно извешатите за спроведени активности од страна на општините за периодот 20-24 јануари, во 11-те општини што доставиле извештаи до Министерството за животна средина и просторно планирање се спроведувале редовни и засилени инспекциски контроли.
(23.01.2025г) Согласно „Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025г.“ и задолженијата, Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи во изминатиот месец пристапи кон засилени контроли на возилата што сообраќаат низ градовите во државата.
Заменик министерката Ане Лашкоска оствари средба со Роберт Скот Хислет, виш резидентен директор на Националниот демократски институт за меѓународни односи (НДИ) во Северна Македонија, придружуван од Филип Чапароски програмски директор и Димитар Низамовски програмски координатор.
(26.01.2025г.) Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 µg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица.
24.01.2025г) Согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025г.“ и обврските, до 23.01.2025г. до Министерството за животна средина и просторно плнаирање се стигнати извештаии за преземени акции од 13 општини од државата и тоа од општините: Прилеп, Тетово, Центар, Илинден, Велес, Штип, Крушево, Ранковце, Гази Баба, Шуто Оризари, Охрид, Град Скопје и Богданци.
Согласно податоците од ДАМСКВ на ден 23.01.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 µg/m3, и епизодата од два последователни денови со надминување на прагот на алармирање за РМ10 е прекината во Кичево.