Скопје, 20.11.2024 г. Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање г. Изет Меџити денеска потпиша договор за грант од 3 милиони евра со директорот на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Матео Коланџели,наменети за процесот на собирање отпад во земјата.
Скопје, 20.11.2024г. Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денес учевствуваше и имаше обраќање на меѓународната конференција на тема „Народните правобранители и националните институции за човекови права и животната средина“
5.11.2024г. Денес во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за европски прашања се одржа пленарен состанок на Секторската работна група за животна средина со цел презентирање на националните стратешки приоритети во областа на
Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на Република Северна Македонија сериозно работи на унапредување на состојбите во заштитата на животната средина воспоставувајќи мултисекторски и координиран пристап.
Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека Владата на Република Северна Македонија, со цел заштита на животот и здравјето на граѓаните и намалување на емисиите на загадувачки супстанции при алармантно загадување на воздухот, усвои Акциски план со краткорочни мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции
Со почетокот на грејната сезона и промента на временските услови се создаваат услови за зголемување на загадувачките честички на воздухот што влијаат врз здравјето на луѓето. Министерството за животна средина и просторно планирање работи во континуитет на реализација на долгорочните мерки за намалување на аерозагадувањето