Меџити отпатува во официјална работна посета на главниот град на Азербејџан, Баку

11.11.2024
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска отпатува во официјална работна посета на главниот град на Азербејџан, Баку, каде што утре почнува 29. Конференција на Обединетите нации за климатски промени, позната како Конференција на страните - COP29.

Меџити по речиси тригодишен застој го пушти во функција хидросистемот Ѓавато

09.11.2024
Дојран, 9.11.2024г. Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието на Република  Северна Македонија Миле Цеков денес, го пуштија во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“

Меџити со апел до општините: Аплицирајте со проекти, уште 50 милиони евра на располагање на општините

08.11.2024
Скопје, 08.11.2024 г. Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска заедно со премиерот Христијан Мицковски и директорот на Европската инвестициска банка, Габриел Бјорн, одржаа информативна средба со 58 градоначалници, кои беа информирани за финансискиот договор во износ од 50 милиони евра, средства обезбедени преку Европската инвестициска банка (ЕИБ)

Воспоставувањето на регионален систем за управување со отпад е единственото трајно, одржливо и безбедно решение.

08.11.2024
Министерството за животна средина и просторно планирање во однос на протестите на жителите на Кочани ја информира јавноста и засегнатите граѓани дека државата е длабоко навлезена во процесот на воспоставување на регионален систем за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион што треба да резултира со трајно, одржливо и безбедно управување со отпад.

Лашкоска: Мерките за намалување на ризикот од катастрофи на локално ниво се од суштинско значење за заштита на заедниците и зајакнување на отпорноста од идни катастрофи

08.11.2024
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на сесијата наречена „Лабораторија за учење за да ги направиме градовите отпорни 2030: Акции за намалување на ризици од катастрофи на локално ниво“

Лашкоска: Намалување на ризиците од катастрофи бара широка соработка и инклузивност

07.11.2024
Будва, 07.11.2024г. - Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес учествуваше на министерска тркалезна маса на тема: „Зголемување на активностите за намалување на ризикот од развој на ризици во средината“

Лашкоска: Очекуваме зајакната соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации во намалување на ризиците од катастрофи 

07.11.2024
Будва, 7.11.2024г.  Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, вчера, на маргините на Европската платформа за намалување на ризици од катастрофи, што се одржува од 6 до 8 ноември во Будва во Црна Гора, оствари билатерална средба со Камал Кишоре, специјален претставник на Генералниот секретар на Обединетите Нации и раководител на Канцеларијата за намалување на ризици на Обединетите Нации. 

Меџити: Зелената агенда, можност за голема координирана еколошка трансформација на регионот

06.11.2024
Скопје, 06.11.20124 Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска присуствуваше и ја отвори годинешната конференција на Македонското здружение за енергија од обновливи извори, МАРЕС.

Меџити: Ги поддржуваме иновациите за еколошки предизвици, на студентите во Кавадарци

04.11.2024
Кавадарци, 04.11.2024 Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, придружуван од директорот на Управата за животна средина Игор Никоски и директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска го посетија СОУ „Киро Спанџов-Брко“ во Кавадарци

Меџити: Приоритетни инвестиции за безбедност и управување со отпад во депонијата Дрисла

04.11.2024
Скопје, 04.11.2024  Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити заедно со директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и в.д. директорот на Јавното претпријатие „Дрисла“ Ненад Јосевски ја посетија депонијата „Дрисла“.