МЖСПП И ДИЖС започнаа со вонредни инспекциски надзори без најава на инсталациите со А-ИЕ Дозволи
30.11.2024
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Државниот инспекторат за животна средина, согласно усвоениот Акциски План за краткорочни мерки за намалување на емисии на загадувачки супстанции во воздухот на Владата , започна со вонредни инспекциски надзори без претходна најава на инсталации со А Интегрирана еколошка дозвола.
Акциски план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025 година
27.11.2024
Со цел намалување на загадувањето на воздухот во период ноември - февруари, кога според извршените мерења секоја секоја година се евидентираат зголемени концентрации на цврсти честички во воздухот, Работната Група за чист воздух изработи, а Владата го усвои, Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025 година
Меџити: Поддршка од ЕУ за почист воздух, предадовме шест нови еколошки автобуси за Скопје
26.11.2024
Скопје,26.11.2024 Првиот заменик претедател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање учествуваше на свечената церемонија на примопредавање на шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од ЕУ преку проектот „ЕУ за чист воздух“, за возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) на Град Скопје.
Заврши COP29, центарален фокус на финасирањето за климата
25.11.2024
Во Баку, Азербеиџан, во периодот од 11-22 ноември се одржа 29-от состанок на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, 19-от состанок на страните на Протоколот од Кјото и 6-от состанок на страните на Договорот од Париз, заедно со 61-от состанок на помошните советодавни тела за наука и техника и за спроведување
Асфалтна база Визбегово
25.11.2024
Ве известуваме дека денес, понеделник 25 ноември 2024 година, со почеток во 12.00 часот првиот заменик претседател на Владата и Министер за животна средина и просторно планирање г-дин Изет Меџити ќе ја посети локацијата каде што беше предвидена изградбата на АСФАЛТНАТА БАЗА во индустриската зона ВИЗБЕГОВО.