Најава до медиуми (завршен настан - Твининг проект)
15.01.2025
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, утре, четврток, 16.01.2025, со почеток во 11.00 часот, во Хотел Мериот ќе учествува и ќе има обраќање на Завршниот настан од Твининг проектот на ЕУ „Поддршка во имплементацијата на отпадот - Законодавство за управување и шема за проширена одговорност на производителот “
Нова епизода на надминат праг на алармирање во Струмица
08.01.2025
(08.01.2025г.) Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 µg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица.