Скопје, 25.11.2024 Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја посети индустриската зона Визбегово, каде се сретна со стопанствениците од оваа скопска зона.
Во Баку, Азербеиџан, во периодот од 11-22 ноември се одржа 29-от состанок на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, 19-от состанок на страните на Протоколот од Кјото и 6-от состанок на страните на Договорот од Париз, заедно со 61-от состанок на помошните советодавни тела за наука и техника и за спроведување
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот Андон Сарамандов се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“
Со задоволство ве покануваме да го проследите промотивниот настан за примопредавање на шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од ЕУ преку проектот „ЕУ за чист воздух“, за возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) на Град Скопје.
Ве известуваме дека денес, понеделник 25 ноември 2024 година, со почеток во 12.00 часот првиот заменик претседател на Владата и Министер за животна средина и просторно планирање г-дин Изет Меџити ќе ја посети локацијата каде што беше предвидена изградбата на АСФАЛТНАТА БАЗА во индустриската зона ВИЗБЕГОВО.
Скопје, 25.11.2024г. Министерството за животна средина и просторно планирање остро реагира на изјавата на советничката на Град Скопје Ирена Витина, за обезбедувањето на 6-те еколошки автобуси и ја оценува како тендециозна, навредлива и со цел да се намали кредибилитетот на институцијата и на министерот Изет Меџити.