Пресек на реализираните активности на проектот „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“ во 2024 година
17.12.2024
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на завршниот состанокот на Управниот одбор на повеќегодишниот проект „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“, на кој се разгледуваа реализираните активности во текот на изминатата година и беше одбележано завршувањето на Проектот.
Соопштение
16.12.2024
во врска со настанатиот проблем со депонирањето на комуналниот отпад и управувањето со комуналната депонија во Општина Кочани, како вклучена страна во процесот на воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Источен и Североисточен регион, информираме дека на ден 17.12.2024 (вторник) со почеток во 17h, во просториите на Мултикултурен центар во Општина Кочани, ќе се одржи средба на претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници од Општина Кочани, Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјални работи – Кочани и граѓаните.
Соопштение
16.12.2024
Почитувани медиуми, Ве известуваме дека првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денес (16.12.2024) во 10:00 часот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ќе учествува на трибината насловена „За студентски и универзитетски прашања“.