Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

Новости
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој се дискутираше за проблемот со ненаплатените побарувања на јавните комунални претпријатија
Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП
16.12.2024

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој се дискутираше за проблемот со ненаплатените побарувања на јавните комунални претпријатија кон државните институции. 

Претставниците на јавните комунални претпријатија ги пренесоа проблемите со ненаплатените средства, што, пак ги спречува да ги исполнуваат своите обврски кон граѓаните за обезбедување квалитетна вода за пиење и здрава и чиста животна средина.

Од денешните дискусии произлезе потребата да се формира работна група која ќе ја разгледува оваа проблематика и ќе помогне да се надмине проблемот со долговите кон ЈКП.
Според заменик министерската Лашкоска, добро е да се одржуваат вакви средби бидејќи само со меѓусебна комуникација и координација може да се постигне добра соработка со цел да се обезбеди квалитетен живот на граѓаните и одржливост на јавните услуги.

Галерија
Submitted by alfa4 on 16.12.2024 - 16:41