Ејупи: Со личен пример да ја поттикнеме и развиваме свеста за животната средина

Новости
Со засадување на последините 1000 дрвни расади беше заокружена овогодинешната акција за пошумување „Сончева Гора“, како дел од „Генералка викенд 2024“
Ејупи: Со личен пример да ја поттикнеме и развиваме свеста за животната средина
06.12.2024

Скопје, 6.12.2024г. Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ресми Ејупи, се приклучи на акцијата за засадување дрва што се спроведе на локација во близина на Кокино. Со засадување на последините 1000 дрвни расади беше заокружена овогодинешната акција за пошумување „Сончева Гора“, како дел од „Генералка викенд 2024“, најголемата и најмасовна волонтерска еколошка акција во Македонија и на Западен Балкан.

 

1

 

- Ги поздравувам сите партнери и сите учесници во акциите, бидејќи сите овде не обединува силната желба со личен пример да ја поттикнеме и развиваме свеста за животната средина. На отпадот не му е место во природата“ истакна Ејупи во своето обраќање додавајќи дека секое место каде што отпадот е непрописно одложен може да биде чиста и зелена оаза каде со задоволство ќе го поминуваме слободното време.

Тој порача дека на нашиот пат кон Европа, треба да се однесуваме европски и треба да  бидеме пример на нашите најмлади.

 

2

 

Годинава по трет пат во есенската акција„ Сончева Гора“ се засадува по едно дрво за секои 10 килограми собран отпад за време на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Национални шуми веќе засадија повеќе од 100.000 дрвја (црн бор, бел бор и аризонски чемпрес) на површина од 51 хектар, а со последните 1000 садници се заокружува акцијата.

 

3

 

Активностите Генералка Викенд и Сончева Гора се во организација на Мен енд Маунтен, заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, а се спроведуваат со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми, други институции и волонтери.

Submitted by alfa4 on 06.12.2024 - 14:35