Изработка на акционен план

29.02.2024
Министерство за животната средина и просторно планирање денес одржа иницијална работилница за изработка на Акционен план за управување со кафеавата мечка за територијата на нашата држава. Работилницата имаше за цел да се споделат информации за процесот на подготовка на Акционен план за кафеавата мечка во Северна Македонија, но и да се слушнат ставовите на засегнатите страни уште во раната фаза на неговата изработка.

Оџаклиеска на презентација

28.02.2024
Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска учествуваше на презентација на анализата „Чист воздух – основно човеково право или неостварливи обврски за општините во Северна Македонија“

Работна средба Оџаклиеска - Стафилов

27.02.2024
Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска имаше работна средба со професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија при Природно-математичкиот факултет

Интерен оглас бр.1/2024

25.02.2024
Министерството за животна средина и просторно планирање објавува Интерен оглас за унапредување на 5 (пет) административни службеници

ШУКОВА: Јапонија е долгогодишен поддржувач

22.02.2024
Јапонија е долгогодишен поддржувач на Република Северна Македонија во областа на животната средина, a oдржување и зајакнување на соработката и на локално ниво придонесува за социо-економскиот развој на локалните заедници

Петти јубилеен Ден на НИПП

21.02.2024
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска учествуваше на петтиот јубилеен Ден на Националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП) во Република Северна Македонија, на кој се разговараше за актуелностите во НИПП, а беа презентирани и постигнатите резултати во нашата држава, како и позитивните искуства од државите од регионот.

Работна средба со градоначалниците на Источниот и северо-источниот плански регион

16.02.2024
Министерката Шукова денес оствари работна средба со градоначалниците и директорите на нивните јавни комунални претпријатија на општините Кочани, Виница, Чешиново – Облешево и Зрновци

Шукова: Ги поддржуваме еколошките едукативни програми во образовниот процес

16.02.2024
Министерството за животна средина и просторно планирање беше домаќин на група наставници од Финска, Туркија, Полска, Шпанија и Северна Македонија кои се дел од проектот „Немаме друг свет“ имплементиран во рамки на програмата ЕРАЗМУС +