Шукова на средба со претставници од реактивната мониторинг – мисија на УНЕСКО
29.03.2024
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска имаше работна средба со претставници од реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО, кои беа во тридневна посета на земјава, со цел проценка и утврдување на општата состојба со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.