Официјално пуштање во употреба на мониторинг станица во Гевгелија
14.10.2020
Во четврток, 15 октомври 2020, година ќе се организира официјално пуштање во употреба на новата станица за мониторинг на квалитет на воздух. Церемонијата ќе се одржи пред самата станица која е лоцирана во непосредна близина на детска градинка „Детска радост“ – клон „Сончогледи“, на улицата Ристо Јанев во Гевгелија, со почеток во 12 часот.
Известување до јавноста за пожарот во зградата на поранешна Комерцијална банка
10.09.2020
Во пожарот кој денеска изутрина избувна на првиот кат во зградата на поранешна Комерцијална банка, каде се сместени просториите на Државниот инспекторат за животна средина, нема повредени лица, а според првичните информации добиени од Инспекторатот, причинета е материјална штета во три нивни канцеларии.
Информација за јавност
08.06.2020
Почитувани, Ве информираме дека сите корисници на услуги и информации од Министерството за животна средина и просторно планирање тоа можат да го сторат телефонски на броевите: 076 456 716 или 070 243 123 или на електронска адреса: infoeko@moepp.gov.mk или skj.mzspp@gmail.com