Меџити: Подготвени сме да се соочиме со предизвиците во животната средина

25.10.2024
Скопје, 25.10.2024 Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина Изет Меџити денеска учевствуваше на панел дискусијата "100% посветени за тебе" на која кој се осврна на најактуелните прашања во животната средина. 

Меџити: Полог заслужува повеќе, ние работиме за оваа цел

24.10.2024
Теарце 24.10.2024 Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска изврши увид во работите за изградба на две капитални  инвестиции кои овозможуваат квалитетна вода за пиење за жителите на Першовце и Глоѓи на општина Теарце.

Лашкоска: Прекуграничната соработка во управувањето со водите претставува камен-темелник за климатска адаптација во нашата држава

24.10.2024
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на 10-тата сесија на Состанокот на страните на Конвенцијата за води на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) , што деновиве се одржува во Љубљана, Словенија.

Чистење на депонијата во ОХИС

24.10.2024
​​​​​​​Скопје, 23.10.2024г. - На вчерашаната 27ма Седница, Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука, Министерството за животна средина и просторно планирање да ги префрли средствата  наменети за чистење на контаминираната локација во ОХИС на сметката на Мулти-партнерскиот  фонд за животна средина, во висина од 24.453.000 денари.

Министерство за животна средина ќе изврши увид во работата на ЈП Дрисла

21.10.2024
Скопје, 21.10.2024 Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на средба ги прими претставниците на Здруженијата „Ринија е Батинцес“ и „Вукат“ кои ја изразија својата загриженост и незадоволство за лошото управување со отпадот и медицинскиот отпад од страна на Јавното претпријатие „Дрисла“ со кое раководи Град Скопје.

Министерството за животна средина и пивара ќе ја поддржат есенската акција за засадување дрвја

21.10.2024
Скопје, 21.10.2024 г. Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска на работна средба го прими генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев.

Меџити: УСАИД партнер во многу проекти за екологијата што го подобруваат животниот стандард на граѓаните

17.10.2024
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска на работна средба ја прими делегацијата на Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) предводена од Џери Дајбл, директорка на УСАИД за Северна Македонија.

Меџити оствари средба со министерот за животна средина на Република Косово, Либурн Алиу

16.10.2024
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска одржа важна средба со министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу. Ова е прва официјална посета на министерот Алиу по формирањето на новата влада.