

Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина и здравјето на луѓето што треба да се исполнат при производство и пуштање на пазар на батерии и акумулатори, како и при постапување со отпадните батерии и акумулатори, кои се однесуваат на обврските на економските оператори и другите субјекти кои учествуваат во процесот на производство и пуштање на пазар на батерии и акумулатори, посебните барања за собирање, преработка и рециклирање, како и другите услови за постапување со отпадни батерии и акумулатори, известување за постигнување на целите за собирање, преработка и рециклирање на отпадните батерии и акумулатори и економските инструменти.
Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Ве известува дека е отворена наменска трезорска сметка во рамките на Единствената трезорска сметка, преку која ќе се врши уплата на паричните средства за надомест за управување со батерии и акумулатори, со следните податоци:
Назив на примачот – Буџет на РМ
Банка на примачот – Народна банка на РМ
Сметка – единствена трезорска сметка 100000000063095
Приходна шифра и програма – 718149
Уплатна сметка – 840 ХХХ 07384
XXX – се внесува ознаката на општината согласно Списокот на општини со ознаки во Република Македонија, кој е составен дел на Упатството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи („Службен весник на РМ“ бр. 08/06)