Одделение
Го координира техничкото спроведување на програмите и проектите финансирани од ИПА
Одделението за техничко спроведување на инструментот за претпристапна помош (ИПА) ги врши следните работи и задачи:
- Во функција на ИПА структура на министерството во рамките на ИПА II и Тело за управување со програмите за животна средина, а во согласност со оперативните договори за ИПА и прирачниците за внатрешни процедури за работа, го координира техничкото спроведување на програмите и проектите финансирани од ИПА;
- Го подготвува, следи и ажурира планот за спроведување на тендери, со учество на Телото за посредување за финансиско управување (МФ – ЦФСД);
- Ги координира подготвувањето и измените на тендерската документација (проектни задачи (ToR), техничките спецификации, тендерски досиеја) и сите други документи поврзани со тендерската постапка за проектите, во блиска координација со Телото за посредување за финансиско управување (ЦФСД);
- Врши детален преглед и контрола на квалитетот на тендерската документација и сите други документи поврзани со тендерските постапки пред нивно доставување до ЕК/ДЕУ;
- Помага во подготовката на извештај за стекнати искуства и научени лекции („LessonsLearned“) од управувањето со програмите и проектите;
- Обезбедува соодветни членови во комисиите за евалуација на тендерите, како и дополнителни податоци и документи потребни за успешна евалуација на тендерите за проектите за животна средина и др.