Помагање во работењето на раководителот на секторот поврзана со менаџирање на секторот
Сектор за индустриско загадување и управување со ризик
Помошник раководител на сектор
Заменик раководител на СИЗУР
Телефон
Опис на работната позиција
Помагање во работењето на раководителот на секторот поврзана со менаџирање на секторот преку координирање на работите поврзани со интегрирано спречување и контрола на загадувањето, хемикалии и индустриски несреќи, аерозагадување и органски испарливи материи
Заменик раководител на СИЗУР - обврски
Листа на обврски-одговорности:
- Соработува со другите раководни административни службеници од институцијата;
- Во случај на отсуство или спреченост на непосредно претпоставениот административен службеник го заменува истиот врз основа на овластување од секретарот; му помага на раководителот на секторот за општи работи кои се однесуваат на давање потребна стручна помош на раководителите на одделенијата во секторот при вршење на насложени работи и задачи и го следи текот на извршувањето на задачите доверени од раководителот на секторот.
- Иницира решавање на одделни проблеми и одговара за навремено, законите и квалитетно вршење на работите и задачите кои се вршат во секторот, а за кои е овластен и кои му се доверени од раководителот на секторот.
- Врши работи кои бараат посебна стручност и самостојност во работата што ќе му ги довери раководителот на секторот,
- Се грижи за спроведување и извршување на програмата за работа на секторот;
- Предлага ставови по начелни системски прашања на раководителот на секторот.