Листа на обврски-одговорности:
- Соработува со другите раководни административни службеници од институцијата;
- Во случај на отсуство или спреченост на непосредно претпоставениот административен службеник го заменува истиот врз основа на овластување од секретарот; му помага на раководителот на секторот за општи работи кои се однесуваат на давање потребна стручна помош на раководителите на одделенијата во секторот при вршење на насложени работи и задачи и го следи текот на извршувањето на задачите доверени од раководителот на секторот.
- Иницира решавање на одделни проблеми и одговара за навремено, законите и квалитетно вршење на работите и задачите кои се вршат во секторот, а за кои е овластен и кои му се доверени од раководителот на секторот.
- Врши работи кои бараат посебна стручност и самостојност во работата што ќе му ги довери раководителот на секторот,
- Се грижи за спроведување и извршување на програмата за работа на секторот;
- Предлага ставови по начелни системски прашања на раководителот на секторот.