Листа на обврски-одговорности:
- Ги координира активностите за прогласување и препрогласување на заштитени подрачја. Изготвува годишни програми и план за работа на одделението, го организира, насочува и координира процесот за остварување на програмските задачи и активности за заштита на природното наследство,
- остварува координација со вработените во одделението и распоредување на работните задачи и дава стручна помош за одделни прашања во делокругот на работа на одделението.
- Остварува соработка со релевантни државни органи, субјекти за управување со заштитени подрачја, научни и стручни институции, невладини организации и здруженија од облласта на заштита на природата.