Skip to main content
Раководител на одделение за спроведување на просторни планови - обврски
-
-
Раководител на од...
-
Раководител на одделение за спроведување на просторни планови - обврски
Раководител на одделение за спроведување на просторни планови - обврски
- Врши надзор на спроведувањето на Просторниот план на РМ, изработува извештаи и програми до Владата на РМ за спроведување на Просторниот план на РМ,
- Следење на спроведување на стратегијата –Просторниот план на РМ како развоен проект и остварување на коресподентност со останатите стратешки документи што се однесуваат на организација и користење на просторот и просторните ресурси, како и учество во изготвувањето на останатите стратешки документи.
- Водење на постапка на издавање на услови за планирање на просторот на сите урбанистички планови: за урбанистички план за град/село, за урбанистички план вон населено место и за урбанистички проект за градби од државно значење и соработка со локалната самоуправа во процесот на одлучување.
- Процедурална и стручна подготовка на законски и подзаконски акти за стратешко планирање на просторот, регулатива за подготовка и спроведување на плански документи и сл.
- Водење на процесот на изготвување и донесување на Годишниот извештај за состојбите во просторот односно за спроведување на Просторниот план на РМ во соработка со локалната самоуправа, надлежните ресори и институции.
- Вршење на оперативни работи за потребите на министерството, раководителите и специјално зададените обврски и задачи како што се ревизии на проекти, учество во владини комисии, работни групи и сл.
- Подготвува информации за состојбите и промените во просторот, го следи процесот на издавање на Услови за планирање на просторот.
- Изготвува годишна програма и план за работата на одделението. Должен е редовно да доставува извештај за својата и работата на одделението до непосредниот раководител
sfy39587stp18