Државен секретар

Државен секретар
Државен секретар во министерство за животна средина и просторно планирање
Опис на работната позиција

Управување со функционирањето на министерството и органите во состав и спроведување на належностите во функција на унапредување и инкорпорирање на 
меѓународните стандарди во областите од надлежност: заштитата на животната средина преку јакнење на капацитетите и системска меѓуресорска и меѓусекторска координација, менаџирање со човечките ресусри во Министерството.

Државен секретар - надлежности

  • Ја планира, организира и координира работата на министерството и раководните административни службеници,
  • Спроведува надзор и дава насоки и упатства за работа, го следи и контролира индивидуалното и организациско работење и ги оценува раководните административни службеници;
  • Предлага концепти и решенија за внатрешната структура, за надминување на проблеми од кадровска, техничка или финансиска природа во областите од надлежност на министерството согласно насоките, упатствата, одлуките и заклучоците од министерот;
  • Ја следи реализацијата на Годишната програма за работа на Владата на РМ во областите од надлежност на министерството; ја следи утврдената временска рамка и дава насоки и мислења при подготовката на материјалите, предмет за работа на Владата на РМ и владините тела и комисии;
  • Присуствува на Генералниот Колегиум на Генерални/државни секретари;
  • Ја следи реализацијата на донесените заклучоци и ставови и предлага концепти за нивно навремено, ефикасно и ефективно спроведување;
  • Презентира политики, програми, проекти и стратешки документи од областите кои се во надлежност на министерството;
  • Дава мислење и насоки при подготовка на материјали, информации и мислења за прашањата од надлежност на министерството за седници на Владата на РМ, тела и комисии;
  • Укажува за приоритетот на материјалите во дневниот ред на седниците на Владата и учествува во работата на работните тела на Владата на РМ и Собранието на РМ кога за тоа е овластен од министерот;
  • Ги координира работните групи на министерството за изработка програми, проекти и стартешки документи;
  • Остварува комуникација и соработка меѓународни организации со Генералниот секретар на Владата на РМ;

Ново ЦВ на државен секретар

Информатички технологии
Има посетувано додатни обуки од информатички технологии
Јазици
Македонски
Англиски
Српско-Хрватски
Турски