Известување

Соопштенија
Увид на актвиностите за изградба на речното корито на водотекот Голем дол во село Оризари
Известување
15.04.2025
Почитувани претставници на медиумите

Ве известуваме дека утре, среда, 16.04.2025, во 11.00 часот, првиот заменик претседател на владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе врши увид на актвиностите за изградба на речното корито на водотекот Голем дол во село Оризари, општина Липково, кој се реализира со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, со вкупна вредност од 15 милиони денари.

Вкупна должина на заштитните сидови е 830 метри а висината на sидовите 1,4 метри, и има за цел спречување на поплави и  обезбедува подобро управување со водите.

Покануваме новинари, сниматели и фотографи да присуствуваат на овој настан.

Submitted by alfa4 on 15.04.2025 - 14:52