Меџити: 9 милиони денари за новата водоводна и канализациона мрежа на ул. неџат аголи во Серава

Новости
Изет Меџити заедно со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, присуствуваше на започнувањето на целосна реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на улицата Неџат Аголи, во општина Чаир.
Меџити: 9 милиони денари за новата водоводна  и канализациона мрежа на ул. неџат аголи во Серава
21.02.2025

Скопје, 21.02.2025 Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска заедно со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, присуствуваше на започнувањето на целосна реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на улицата Неџат Аголи, во општина Чаир.

Меџити истакна дека вкупната вредност на проектот поддржан од МЖСПП е над 9 милиони денари, и истиот е многу суштински проект за жителите на улицата Неџат Аголи и додаде дека на Чаир, во 2025 година му следуваат дополнителни 9 милиони евра.

‘Со овој проект ќе се поврзат над 50 домаќинства на новата водоводна и канализациона мрежа, а по неговото завршување за два месеци жителите ќе имаат и целосно асфалтиран пат’

-изјави првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Тој додаде дека со овој проект, започнува имплементација на низа инфраструктурни проекти, околу 50, во општина Чаир во вредност со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, со вкупна вредност од 2.8 милиони евра.

Како Министерство и како Влада, додаде Меџити,  инвестираме во сите општини за една единствена цел, подобрување на животниот стандард на граѓаните кои ни дадоа глас и поддршка да работиме за нив.

Галерија
Submitted by alfa4 on 21.02.2025 - 15:46