Лашкоска: Поддржуваме проекти за заштитата на шумскиот фонд и биодиверзитетот

Новости
Средба со Роберт Скот Хислет, виш резидентен директор на Националниот демократски институт за меѓународни односи (НДИ)
Лашкоска: Поддржуваме проекти за заштитата на шумскиот фонд и биодиверзитетот
23.01.2025

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска оствари средба со Роберт Скот Хислет, виш резидентен директор на Националниот демократски институт за меѓународни односи (НДИ) во Северна Македонија, придружуван од Филип Чапароски програмски директор и Димитар Низамовски програмски координатор.
 
На средбата се разговараше за продлабочување на соработката на Министерството со Националниот демократски институт за меѓународни односи во новиот проект за спречување на бесправната сеча на дрвата со што се нанесува голема штета на шумскиот фонд и шумската биолошка разновидност.

 

1


 
Според зборовите на Скот, за реализација на новиот проект со кој се делува на вакво глобално прашање за заштита на биодиверзитетот, Институтот веќе има остварено соработка и обезбедено поддршка од државните институции, вклучително и Собарнието, граѓанските здруженија и медиумите.
 
Лашкоска истакна дека Министерството за животна средина и просторно плнирање секогаш ги подржувало и ќе поддржува проекти што се во интерес на заштитата на животната средина и подобрување на благосостојбата на луѓето.

Submitted by alfa4 on 23.01.2025 - 11:19