ПОКАНА ДО МЕДИУМИТЕ

Соопштенија
Презентација на резултатите од загадувањето на воздухот во општините – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга
Презентација на резултатите од загадувањето на воздухот во општините – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга
13.10.2024
Презентација на резултатите од загадувањето на воздухот

13.10.2024, Скопје

Во понеделник, на 14.10.2024, со почеток од 13 часот во хотелот Александар Палас во Скопје ќе се одржи настан на кој ќе се презентираат резултатите од загадувањето на воздухот во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Настанот ќе го отвори првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан. Резултатите од истражувањето ќе ги сподели проф. Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“.  

Настанот се организира во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, којшто го спроведува УНДП во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање, како и општините Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Проектот е дел од Рамковната програма на УНДП, којашто е финансирана од Шведска, а го вклучува и проектот „Јакнење на општинските капацитет за имплементација на проекти.“

***

Сите медиуми се поканети на настанот.

Submitted by alfa4 on 13.10.2024 - 09:00