Средба на Лашкоска со Германскиот парламентарен државен секретар д-р Хофман

Новости
Се разговараше за поддршка од германска страна кон Македонија за пиларот посветен на биодиверзитетот од Зелена агенда за Западен Балкан
Средба на Лашкоска со германскиот парламентарен државен секретар д-р  Хофман
08.10.2024

08.10.2024г., Хамбург, СР Германија - По иницијатива на Германското Сојузно Министерство за екологија, заштита на природата, нуклеарна безбедност и заштита на потрошувачите (BMUV), заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, денес, на маргините на министерскиот состанок, одржа средба со германскиот парламентарен државен секретар д-р Бетина Хофман.

На средбата се разговараше за поддршка од германска страна кон Македонија за пиларот посветен на биодиверзитетот од Зелена агенда за Западен Балкан .

Поддршката би била во насока на подобрување на политичкиот дијалог на министрите надлежни за биодиверзитет во регионот и поддршка на активности на национално ниво.

Submitted by alfa4 on 08.10.2024 - 21:35