Новости
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, денеска оствари средба со директорот на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) Дејвид Оберхубер
19.09.2024
Скопје, 19.09.2024 г. Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, денеска оствари средба со директорот на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) Дејвид Оберхубер, придружуван од советникот во канцеларијата на GIZ Даниел Јосифовски.
Министератвото за животна средина и просторно планирање подолг период наназад не работело на заеднички проекти со GIZ, но Лашкоска и Оберхубер се информираа меѓусебно за развојните планови и активности на двете институции и разговараа за можностите за обновување на соработката и отпочнување на заеднички проекти во наредниот период.