Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со г-ѓа Ерин Елизабет МекКи, помошник директорка на УСАИД за Европа и Евроазија

Новости
Средба со помошник директорот на УСАИД за Европа и Евроазија
Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со г-ѓа Ерин Елизабет МекКи, помошник директорка на УСАИД за Европа и Евроазија
12.09.2024

(Вашингтон, 11.09.2024г.) Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, придружуван од министерката за енергетика, рудници и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска се сретна со г-ѓа Ерин Елизабет МекКи, помошник директорка на УСАИД за Европа и Евроазија.

На средбата се разговараше за билатералните односи и одличната соработка што нашата земја ја има со американската агенција УСАИД, која има реализирано голем број инвестиции во Северна Македонија.

Двете страни ја истакнаа важноста од зајакнување на билатералните односи и зголемување на соработката во клучните области од заеднички интерес.

На средбата со г-ѓа Ерин Елизабет МекКи, првиот потпретседател на Владата, Меџити размени мислења за најновите политички и економски случувања во нашата земја, при што ја истакна улогата на политичката стабилност во создавањето погодна средина за странски инвестиции. Беа истражени можностите за заеднички иницијативи околу еколошките предизвици, вклучувајќи ги климатските промени и одржливиот развој.

Двете страни ја препознаа важноста на заедничките напори за решавање на еколошките прашања и поддршката на зелените иницијативи.

Submitted by alfa4 on 12.09.2024 - 08:42