Одделние за управување со човечки ресурси

Mетодолошка, организациска и техничка подршка во постапката за изработување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во МЖСПП
Подготовка и следење на стратешки документи
Одделнието за управување со човечки ресурси врши обезбедување на методолошка, организациска и техничка поддршка на сите активности и ги координира и насочува сите активности во врска со вработувањето и мобилноста во државна служба за потребите на органот

Основни дејности на одделението

  • Изработување на функционална анализа во МЖСПП;
  • Вршење на  методолошка, организациска и техничка подршка во постапката за изработување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во МЖСПП;
  • Спроведување на системот за управување со ефектот во Одделението и ги кординира, со другите оценувачи, активностите за воспоставување на системот за управување со ефектот во МЖСПП;
  • Врши обезбедување на целосна методолошка, организациска и техничка поддршка на сите активности и ги координира и насочува сите активности во врска со вработувањето и мобилноста во државна служба за потребите на органот, во врска со оценувањето, стручното оспособување и усовршување на административните службеници, во врска со мотивацијата и подобрувањето на квалитетот на меѓучовечките односи и во врска со правата, должностите и одговорностите на административните службеници (службенички однос) и информативниот систем за човечки ресурси;
  • Годишна оценка на административниот службеник;
  • Подготвување на Стратешкиот план на МЖСПП и Планот за спроведување на Програмата за работа со посебен осврт на влијанието врз човечките ресурси и примената на начелото за соодветна и правична застапеност;
  • Донесување и учествување во изработувањето на  процедури од Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на Стандардот ISO 9001:2008;
  • Развивање политики и стратешки документи за управување со човечките ресурси во органот на државната служба;
  • Обезбедување стручно – оперативна поддршка на Комисијата за водење на дисциплинска постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и Комисијата за утврдување на материјална одговорност на административните службеници;