Mетодолошка, организациска и техничка подршка во постапката за изработување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во МЖСПП
Одделнието за управување со човечки ресурси врши обезбедување на методолошка, организациска и техничка поддршка на сите активности и ги координира и насочува сите активности во врска со вработувањето и мобилноста во државна служба за потребите на органот
Основни дејности на одделението
- Изработување на функционална анализа во МЖСПП;
- Вршење на методолошка, организациска и техничка подршка во постапката за изработување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во МЖСПП;
- Спроведување на системот за управување со ефектот во Одделението и ги кординира, со другите оценувачи, активностите за воспоставување на системот за управување со ефектот во МЖСПП;
- Врши обезбедување на целосна методолошка, организациска и техничка поддршка на сите активности и ги координира и насочува сите активности во врска со вработувањето и мобилноста во државна служба за потребите на органот, во врска со оценувањето, стручното оспособување и усовршување на административните службеници, во врска со мотивацијата и подобрувањето на квалитетот на меѓучовечките односи и во врска со правата, должностите и одговорностите на административните службеници (службенички однос) и информативниот систем за човечки ресурси;
- Годишна оценка на административниот службеник;
- Подготвување на Стратешкиот план на МЖСПП и Планот за спроведување на Програмата за работа со посебен осврт на влијанието врз човечките ресурси и примената на начелото за соодветна и правична застапеност;
- Донесување и учествување во изработувањето на процедури од Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на Стандардот ISO 9001:2008;
- Развивање политики и стратешки документи за управување со човечките ресурси во органот на државната служба;
- Обезбедување стручно – оперативна поддршка на Комисијата за водење на дисциплинска постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и Комисијата за утврдување на материјална одговорност на административните службеници;