23 години по Охридскиот договор - Децентрализацијата останува предизвик

Новости
На 23-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, Северна Македонија е полноправна членка на НАТО и земја кандидат за членство во Европската Унија. Тоа значи дека Северна Македонија денес е извозник на мир и стабилност како во регионот, така и во
13.08.2024

Почитувани панелисти, министер г. Златко Перински, професор Ризван Сулејмани, професор Нано Ружин, професор Африм Османи, професор Бујамин Бела, почитувани гости, министер Орхан Муртезани, министер Арбен Таравари, почитувани партиски лидери, почитуван претседател на стопанската комора на северо-западна Македонија  г. Менди Ќира, почитуван ректор на УМТ г. Изет Зеќири, г. Прути, г. Халили, г. Хајредини, драги професори, директори и сите присутни.
Ви благодарам за можноста да се обратам на овој важен панел. Ви посакувам добра работа, би сакал да го истакнам фактот дека на нашето општество му требаат повеќе дијалози од ваков карактер и јас како вицепремиер секогаш ќе бидам поддржувач на ваквите иницијативи.

 

1

 

Почитувани панелисти,

На 23-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, Северна Македонија е полноправна членка на НАТО и земја кандидат за членство во Европската Унија. Тоа значи дека Северна Македонија денес е извозник на мир и стабилност како во регионот, така и во мировните мисии на НАТО ширум светот. Значи, нарушувањето на мирот веќе не е опција за нашата земја и предизвикот на политичката класа денес е како да ги направиме институциите помоќни, судството понезависно, медиумите послободни, демократијата пофункционална, децентрализацијата поефикасна.
Сепак, и по 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, децентрализацијата и понатаму останува предизвик.
Како поранешен градоначалник, и верувајте, бев градоначалник во најтешките времиња во една новоформирана општина со новоизбран градоначалник, затоа ја разбирам и препознавам сложеноста на овој процес. Децентрализацијата е жива, динамична материја која се менува како што се менуваат потребите на граѓаните и затоа должност на централната власт е многу повеќе да се ангажира во зајакнувањето на локалните власти нудејќи им повеќе ресурси, поголема независност, повеќе можности за развој и ефикасност, бидејќи општините се првата врата каде што граѓаните се обраќаат кога имаат потреба.
Јас нема да одземам многу време и нема да се занимавам со специфичните проблеми на децентрализацијата. Но, во принцип, ќе кажам дека ни треба преглед на решенијата поставени пред неколку години. Има многу сфери во кои поделбата на надлежностите во пракса или на терен изгледа апсурдна. Во тие аспекти, потребно е редефинирање и реорганизација на постоечките правни механизми и решенија.
Се разбира, нема да го игнорирам проблемот со фискалната децентрализација. На општините им треба поголема финансиска независност и поголема наплата на даноците. Тие не можат да бидат самоодржливи без финансиска независност, а финансиската независност е гаранција за немешање на централната власт на арбитрарен начин во работите и овластувањата на локалната власт.

ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ИМА ПОТРЕБА ОД ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ФИСКАЛНАТА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, СЛЕДСТВЕНО ЗА ПОВЕЌЕ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА, А НЕ САМО ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА НА ОБВРСКИТЕ. ТОА ЗНАЧИ ЗГОЛЕМЕНИТЕ ОБВРСКИ МОРА ДА СЕ СЛЕДАТ СО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ СРЕДСТВА.
ОВА ЌЕ ИМПОНИРА НОВ КОНЦЕПТ НА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ BOTTOM-UP, А НЕ ОБРАТНО, ШТО ЗНАЧИ ОПШТИНИТЕ ЌЕ БИДАТ ГЕНЕРАТОРИ НА РАЗВОЈ.


Сакам да истакнам дека оваа реформска влада за прв пат прави квалитативен чекор во зајакнувањето на децентрализацијата кај нас, издвојувајќи околу 100 милиони евра за потребите на општините, средства кои директно ќе ја подобрат инфраструктурата, јавните услуги како и квалитетот на животот на граѓаните само во тековната 2024 година.
Низ годините видовме дека нашите општини се соочуваат со големи проблеми во областа на заштитата на животната средина. Од овој панел повикувам на повеќе овластувања на општините да се занимаваат со еколошките проблеми и да решаваат егзистенцијални проблеми како што се загадувањето на воздухот, загадувањето на реките, загадувањето на шумите и слично, кои претставуваат сериозни предизвици за цивилизацијата.

Друг важен проблем на децентрализацијата е образованието. Иако што е една од најдецентрализираните надлежности, резултатите од мерењата направени од релевантните организации за квалитетот во образованието не се надежни. Последните мерења на ПИСА покажуваат дека учениците заостануваат во читање, математика, како и во креативност и иновативност, во споредба со просекот на земјите од ОЕЦД. Ова е аларм што треба сериозно да се земе предвид, како од локалната, така и од централната власт. Не е и не треба да се дозволи образованието да стане тема на дневнополитичко пазарење, туку бара сеопфатен долгорочен стратешки пристап. Првата работа во оваа насока е деполитизација заради професионализација на образованието. Образование во кое јасно ќе се дефинираат надлежностите и одговорностите на локалната и централната власт, каде што квалитетот, креативноста, иновативноста ќе бидат вградени во образовниот систем, ова е гаранција дека генерациите што ги оставаме зад нас ќе бидат подготвени да одговорат на предизвиците на времето.
Ќе се задржам и на една деликатна тема поврзана со децентрализацијата - безбедноста.

Почитувани присутни,
Безбедноста на населението е едно од ветувањата на оваа власт, кое не треба да се занемари. Поради тоа што не се целосно прецизирани надлежностите меѓу локалната и централната власт во оваа сфера, улогата на општината и локалната власт никако не треба да се потцени. Општината во соработка со граѓаните е таа која најдобро знае каде се жариштата на криминалните групи и нарушувачите на јавниот ред и мир. Затоа, мора да се воспостават ефикасни механизми каде граѓанинот ќе биде активен заштитник на безбедноста, наместо да биде жртва на криминал и криминални банди. За таа цел потребна е поголема и поефикасна соработка на советот на општината, градоначалникот со полицијата и безбедносните органи, доколку е потребно преку интервенција и во законот за полиција и тој за јавната безбедност.

 

Почитувани присутни,
Изминативе денови темата на Охридскиот договор повторно заживеа, но за жал, не во неговото позитивно светло, туку повеќе како инструмент за манипулирање на јавноста. Дозволете ми да го завршам мојот говор денес со тоа што Охридскиот рамковен договор претставува договор за државата – не е договор за една политичка партија да биде вечно на власт. Периодот пред нас ќе биде период во кој ќе отвориме нова етапа на политика и креирање политики. Северна Македонија, од држава/општество со договор - односно од постконфликтно општество, чие функционирање е загарантирано со мировен договор, наша задача е Северна Македонија да ја направиме модерно општество во кое институциите ќе одразуваат целосна еднаквост на секое ниво и димензија на работење. Накратко, не можеме вечно да се согласуваме. Сега дојде време постигнатите договори да се вратат на основата за модернизација и европеизација на државата.

Галерија
Submitted by alfa4 on 13.08.2024 - 13:17