Активности
26.07.2012
(25-27.06.2012 год.) Во Истанбул – Турција, се одржа работилница на Националните експерти за Информациски системи за животната средина во Европа, на која учествуваше Никола Јакимовски, претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање.
На оваа работилница, учесниците имаа можност да се запознаат со плановите на Европската агенција за животна средина – ЕЕА – во однос на SENSE програмата за размена на информации за состојбата на животната средина во Европа, INSPIRE Директивата на Европската Комисија и предизвиците во процесот на имплементација на истите.
На оваа работилница се поставија и технички насоки во однос на работата на националните експерти за информациски системи за животна средина, кои придонесуваат во рамки на EIONET мрежата на експерти на ЕЕА. Меѓу клучните теми, беше и користењето на ReportNet системот на ЕЕА преку семантички веб апликации и алатки за унапредување на процесите за известување.