Годишниот работен состанок за отпад, во организација на Европска агенција за животна средина

Активности
04.10.2012
etc(03-04.10.2012 год.) Во Истанбул – Турција, се одржа редовен работен состанок на Националните рефентни центри, односно тематски експерти за отпад во Еворпската агенција за животна средина. Домаќин на работилницата беше Турското Министерство за животна средина и урбанизам.

Целта на состанокот беше да се осигура размената на информации во однос на имплементацијата на Рамковната директива за отпад и примерите кои укажуваат на процесите на добро управување во секторот отпад. Согласно дневниот ред, беа предвидени пленарни седници и работа во одделни групи, кои во својот партиципаторен формат овозможија размена на информации за започнатиот пилот проект за имплементација на политики за отпад - во селектирани земји од Европската Унија. Овој пилот проект беше инициран од Европската Комисија уште во 2011 година и се фокусира на комуналниот отпад од аспект на: - Анализа на постигнувањата во имплементацијата и исполнувањата на обврските од страна на земјите - Ревизија на моделот за идниот развој и геренерирањето на комунален отпад, како и предлозите за управување со отпад од страна на ЕЕА и тематскиот центар ETC/SCP. - Развој на Европски Референтен Модел за отпад во ЕУ – сегмент кој е управуван од Директоратот за животна средина и Европска Комисија Очекуваните резултати се однесуваат на учеството на националните експерти во оценката на напредокот за овие активности, размената на информации за успесите на импелемнтација, како и предлози за унапредување на процесот на имплементација на проектните

Submitted by almin on 04.10.2012 - 08:25