Состанок на работната група за EIONET & UNECE за инвентари на емисии и проекции

Активности
13.06.2019
Во период од 13-14.05.2019 година во Солун, Република Грција се одржа 20-тиот Состанок на работната група за EIONET & UNECE за инвентари на емисии и проекции. Состанокот го организираше Европската Агенција за животна средина (ЕЕА). Нашиот претставник м-р Мартина Спасовска, советник од Македонскиот информативен центар за животна средина учествуваше на овој состанок. На состанокот се дискутираше за ажурираните прирачници и новости во пресметување на емисиите во однос на форматот на известување кох CLRTAP конвенцијата, со осврт на посебни панели на дискусија од различни области (индустрија, транспорт, природа). Исто така, во склоп на состанокот се презентираа и атмосферски мониторинг сервиси – Copernicus, како и методологии на далечинска сондажа.[su_custom_gallery source="media: 17548" limit="10" link="image" target="blank" title="never"]
Submitted by almin on 13.06.2019 - 11:41