Активности
14.12.2022
(21-25.11.2022) Во рамките на Програмата за техничка соработка (TCP), Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) спроведува регионален проект RER7012, „Одредување на маркери на долгорочни трендови на извори на загадување на воздухот со користење на нуклеарни технологии“, во кој е вклучено Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Во склоп на овој проект се одржа завршен состанок за ревизија на резултатите на проектот.
Состанокот се одржа во периодот од 21.11.2022 година до 25.11.2022 година во Виена, во седиштето на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA).
Целта на состанокот беше да се направи ревизија и евалуација на напредокот на RER7012 проектот. На спстанокот беа презентирани резултатите од мерната кампања за идентификација на извори на цврсти честички во воздухот која се спроведуваше на мерната локација во Карпош.
На состанокот учествуваа:
Анета Стефановска, раководител на одделение за мониторинг на квалитет на воздух, МИЦЖС, назначена како контра партнер на RER7012 проектот и Мартина Спасовска, раководител на одделение за аналитика и известување, МИЦЖС, назначена како контра партнер на тековниот национален MAK7004 проект „ Зајакнување на капацитетите на централно ниво за намалување на цврстите честички во воздухот“.