Индикаторот го покажува вкупниот број, бројот на ноќевања и просечниот престој на домашни туристи по години на ниво на држава и според статистичките региони.
- Број
Дали бројот на домашни туристи, ноќевањата и просечниот престој имаат развојна димензија?
Во поглед на домашната туристичка посетеност, вкупниот број на туристи во целокупниот разгледуван период не прикажува пораст, односно нивоата во 2021 се еднакви со нивоата од 2000. По туристичкиот пад предизвикан од Ковид-19 сега веќе во 2021 година се забележува закрепнување и во однос на претходната година имаме раст од 17%. Понатаму, може да се забележи дека остварените ноќевања не ја следат туристичката посетеност и во разгледуваниот период има тренд на опаѓање од 15,3%. Просечниот престој на домашните туристи од 4,7 дена во 2000 година, се намалил на 4,02 дена во 2021 година, што претставува пад од 15,3%.Гледано по статистички региони најголем број и ноќевања на домашни туристи има во Југозападниот регион, а најмал во Североисточниот регион.
Во поглед на целите за зголемување на бројот и ноќевањата на домашните туристи истите се остварени и во реалистичното и оптимистичкото сценарио за 2021 година, каде бројот на ноќевања изнесувал 1.643.083.
Во однос на вкупното доаѓањето на домашни туристи по видови места, најголем број домашни туристи има во езерските места со 3.922.170 туристи, а најмал број во Бањските места со 398.179 туристи. Во однос на вкупите ноќевања на домашните туристи по видови места, најголем број ноќевања има во езерските места со 21.365.802 ноќевања, а најмал број во Скопје со 690.973 ноќевања.
График 1. Вкупен број на домашни туристи и број на ноќевања
График 2. Просечен престој на домашни туристи
График 3. Број на домашни туристи и број на ноќевања според статистички региони
График 4. Доаѓања на домашни туристи по видови места во периодот од 2003 до 2021 година
График 5. Ноќевања на домашни туристи по видови места во периодот од 2003 до 2021 година
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk
Вкупниот број на домашни туристи во 2021 во однос на 2000 не покажува никаков пораст, односно бројот на домашни туристи е на нивоата од 2000 година. Во однос на претходната 2020та година, во 2021 има раст на вкупниот број на домашни туристи од 17%. Растотво голема мера се должи и на олабавените здравствените мерки во однос на Ковид-19. Во 2019 година има најголем број на домашни туристи, а во 2001 година има најмал број на туристи. Слични карактеристики бележат и остварените ноќевања од страна на домашните туристи, односно најголем број ноќевања е остварен во 2000 година, а во 2001 година има најмал број на ноќевања. За жал, може да се забележи дека остварените ноќевања не ја следат туристичката посетеност и во разгледуваниот период има тренд на опаѓање од 15.3%. И во поглед на просечниот престој, резултатите ги одразуваат овие односи, односно од 2007 до 2017 година има значителен пад во бројот на ноќевањата. Најмал просечен престој од 3,9 дена има во 2019 година, а најголем во 2003 година од 5,1 ден. Просечниот престој на домашните туристи од 4,7 дена во 2000 година, се намалил на 4,02 дена во 2020 година, што претставува пад од 15.3%.
Доминантен регион во поглед на дистрибуцијата на домашните туристи е Југозападниот регион што може да се оцени како поволност, но и нерамномерна дистрибуција. Следењето на овие показатели треба да овозможи следење на бројот на домашни туристи и во другите регионални целини како одраз на афирмацијата на елементите на животната средина во туристичката понуда на домашниот туристички пазар.
Исто така може да се види дека остварените ноќевања ја следат туристичката посетеност како одраз на атрактивноста на животната средина така што најголем број ноќевања има во Југозападниот регион. Следењето на ноќевањата ќе овозможи во која мерка регионалните целини ќе ја подобрат атрактивната основа како фактор за остварување на поголем број ноќевања.
Во однос на доаѓањето на домашни туристи по видови места, најголем удел во вкупниот број на туристи има во езерските места со 60,5%, потоа следат други места со 13,5%, планински места со удел од 12,9%, Скопје со 6,8% и најмал удел има бањските места со удел од 6,3% во вкупниот број на туристи.
Во однос на ноќевањата на домашните туристи по видови места, најголем удел во вкупниот број на ноќевања има во езерските места со 75,3%, потоа следат бањските места со 10,5%, планински места со удел од 6,9%, други места со удел од 5,0% и најмал удел има Скопје со 2,4% во вкупниот број на ноќевања.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Податоците за туристите се добиени врз основа на редовните месечни извештаи на угостителските и другите деловни субјекти кои на туристите им даваат услуги за сместување, односно посредуваат во обезбедувањето на тие услуги. Извор на податоците се книгите за гости кои, според законските прописи, овие деловни субјекти задолжително треба да ги водат.
- Зголемување на бројот и ноќевањата на домашните туристи.
- Реалистично сценарио
– Вкупен број на ноќевања во 2021 – 1.500.000
– Вкупен број на ноќевања во 2030 – 1.800.000
– Севкупна годишна стапка на раст (СГСР) – 1,9%
- Оптимистично сценарио
– Вкупен број на ноќевања во 2021 – 1.600.000
– Вкупен број на ноќевања во 2030 – 2.000.000
– Севкупна годишна стапка на раст (СГСР) – 2,6%
- Интеграција на принципите на одржливиот развој и аспектите на животната средина во секторот туризам.
- Определување на подрачја од приоритетно значење за развој на туризмот.
- Поттикнување на размена на најдобра практика меѓу јавните и приватните туристички интереси.
- Заштита на природното богатство и биодиверзитетот во туристичките дестинации.
- Воведување и спроведување на законска регулатива во областа на туризмот, која ќе пропишува заштита на животната средина.
- Промовирање на органско фармерство, производство на здрава храна и особено, традиционално производство нанекои производи (на пример, сирење, вино), производство на мед, одгледување на билки итн.
- Промовирање на одредени типови на туризам како што се вински туризам, ловечки туризам, следење на птици итн.
- Годишно до EUROSTAT
- Светска туристичка организација WTO
- Годишен статистички преглед за туризам и други услуги
- Петтогодишна анкета за странски туристи во сместувачките објекти
МК НИ 047-3 Туристички промет – Домашна туристичка посетеност | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 6, Clean water and sanitation 11, Sustainable cities and communities 12, Responsible consumption and production |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |