Индикаторот Lн (Ln) (бучава преку ноќ) го прикажува измереното ниво на бучава (интензитет) во текот на ноќниотпериод, на дефинираните мерни места за бучава, без оглед на изворот на бучава. Исто така, индикаторот ја покажува и процентуалната распределба на интензитетот на бучава преку ноќ, според опсегот на бучава.
- Децибел – dB(A), процент (%)
Дали интензитетот на бучава во текот на ноќниот период ги надминува пропишаните гранични вредности?
Согласно обработените податоци од комунална бучава може да се заклучи дека сите четири разгледувани градови имаат големо загадување од бучава во животната средина, односно интензитетот на бучава во ноќниот период ги надминува граничните вредности на скоро сите мерни места во разгледуваниот период. Куманово е град со најголемо загадување од бучава и интензитетот на бучава во животната средина, во целиот разгледуван период, на сите мерни места за основниот индикатор бучава преку ноќ-Lн, е над дозволената гранична вредност. Максимално надминување на граничната вредност за 28,7 dB(A) е забележено во Куманово во 2017 година.
Разгледувано во однос на процентуалната распределеност на интензитетот на бучава преку ноќ, според опсегот на бучава, се забележува дека најголем процент од мерењата на интензитетот на бучава преку ноќ, 25,7%, се наоѓа во опсегот од 55-60 dB(A).
Исто така, споредено со препорачаната цел на Светската здравствена организација, интензитетот на бучава преку ноќ да не ја надмине вредноста од 45 dB (A), може да се заклучи дека овој процент е многу мал и изнесува 5,3%, што укажува на тоа дека интензитетот на бучава кој ја надминува вредноста од 45 dB (A) е доста висок и изнесува 94,7%.
График 1. Интензитет на бучава во животната средина во Скопје за основниот индикатор Lн
График 2. Интензитет на бучава во животната средина во Битола за основниот индикатор Lн
График 3. Интензитет на бучава во животната средина во Кичево за основниот индикатор Lн
График 4. Интензитет на бучава во животната средина во Куманово за основниот индикатор Lн
График 5. Процентуална распределба на интензитетот на бучава преку ноќ, според опсегот на бучава, вкупно за анализираните градови
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Центри за јавно здравје (Скопје, Куманово и Битола)
Од обработените податоци, на слика 1, може да се забележи дека во целиот разгледуван период, од вкупно 14 мерни места, интензитетот на комуналната бучава во животната средина во Скопје, за основниот индикатор Lн, на тринаесет мерни места е над ГВ, со значително покачување на индикаторот преку ноќта и се движи помеѓу најниско – 0,08 dB(A) и највисоко – 22,4 dB(A). Само на едно мерно место ГВ не е надмината за сите години.
Интензитетот на комуналната бучава во животната средина во Битола, за основниот индикатор Lн, скоро на сите мерни места има постојан тренд на благо покачување и намалување. Од податоците може да се забележи дека на 3 мерни места нивото на бучава не ја надминува ГВ, во целиот разгледуван период, на останатите пет мерни места нивото на бучава ја надминува ГВ за тоа мерно место и надминувањето се движи помеѓу најниско – 0,1 dB(A) и највисоко – 13,2 dB(A).
Во разгледуваниот период, од слика 3, се гледа дека интензитетот на комуналната бучава во животната средина, во Кичево, за основниот индикатор Lн, се гледа дека на две мерни места пад на нивото на бучава под ГВ за индикаторот. На останатите пет мерни места нивото на измерена бучава ја надминува ГВ за Lн и надминувањето се движи помеѓу најниско – 0,35 dB(A) и највисоко – 19,3 dB(A).
Од слика 4 се гледа дека интензитетот на комуналната бучава во животната средина во Куманово, за основниот индикатор Lн, на сите мерни места е над ГВ, покачувањето се движи помеѓу најниско – 7 dB(A) и највисоко – 28,7 dB(A).
Разгледувано во однос на процентуалната распределеност на интензитетот на бучава преку ноќ, според опсегот на бучава, се забележува дека најголем процент од мерењата на интензитетот на бучава преку ноќ, 25,7%, се наоѓа во опсегот од 55-60 dB(A). Процентот кој се наоѓа во опсегот над 70 dB(A) е занемарлив и изнесува 0,3%, исто така многу е мал и процентот кој се наоѓа во опсегот под 40 и од 40 до 45 dB(A), и вкупно изнесува 5,3%. Во Куманово, најголем процент од мерењата, 56,2%, се наоѓаат во опсегот од 60-65 dB(A) што укажува на состојба со многу висок интензитет на бучава која негативно влијае на здравјето на луѓето.
Споредено со препорачаната цел на Светската здравствена организација, интензитетот на бучава преку ноќ да не ја надмине вредноста од 45 dB (A), може да се заклучи дека овој процент е многу мал и изнесува 5,3%, вкупно за мерењата во анализираните градови, што укажува на тоа дека мерењата на интензитетот на бучава кој ја надминува вредноста од 45 dB(A) е доста висок и изнесува 94,7%.
Најчесто како последица на зголемено ниво на бучава се јавува нарушување на спиењето, вознемиреност кај населението, оштетување на слухот, кардиоваскуларни проблеми и влијае на психофизичката состојба. За да се подобри квалитетот на живеење на целото население потребно е да се преземат мерки и активности за спречување или намалување на бучавата.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Индикаторот за бучава за ноќ Lн се пресметува согласно стандардите дадени во одредбите од Правилникот за примената на индикаторите за бучава, дополнителни индикатори за бучава, начинот на мерење на бучава и методите за оценување со индикаторите за бучава во животната средина.
Центрите за јавно здравје вршат мерења на повеќе мерни места и тоа во:
- Скопје, четиринаесет мерни места
- Битола, осум мерни места
- Кичево, седум мерни места
- Куманово, десет мерни места
На секое мерно место вршени се четири пати по 50 мерења во текот на едно деноноќие. Две мерења во тек на денот од кои се пресметува индикаторот Lд, едно мерење навечер Lв и едно мерење во текот на ноќта Lн.
Периодот ден/вечер/ноќ е одреден согласно одредбите од Законот за бучава во животната средина, и тоа, денот трае 12 часа од 7:00 до 19:00 часот, вечерта трае 4 часа од 19:00 до 23:00 часот и ноќта трае 8 часа од 23:00 до 7:00 часот.
Ниво на бучава претставува вредност на измерениот звучен притисок или интензитет изразена во децибели dB (A).
Процентуалната распределеност на интензитетот на бучава преку ноќ, според опсегот на бучава, се добива врз основа на пресметаното А-долготрајно просечно еквивалентно ниво на звук определено преку целокупните ноќни периоди на една година, на сите мерни места.
Општите национални цели се пропишани во Законот за заштита од бучава во животната средина и се однесуваат на:
- создавање здрави услови за животот на луѓето и заштита на животната средина од бучава,
- преземање мерки и активности за избегнување, спречување или намалување на бучавата,
- преземање на мерки за заштита од бучава која е наметната од блиската средина и предизвикува непријатност и вознемирување,
- отстранување или намалување на штетните ефекти кои се последица од изложеноста на бучавата во медиумите и областите на животната средина и
- обезбедување на основа за развивање на мерки за намалување на бучавата што ја емитуваат поголемите извори, особено патните, железничките и водните превозни средства и инфраструктура, воздухопловите, опремата што се користи на отворен простор и во индустријата, како и мобилните механички средства за работа.
Во Правилникот за гранични вредности на нивото на бучава во животната средина се дефинирани граничните вредности за ниво на бучава во животната средина предизвикана од различни извори диференцирани според степенот на заштита од бучава определени со Правилникот за локациите на мерните станици и мерните места.
Светска здравствена организација препорачува интензитетот на бучавата преку ноќ да не ја надмине вредноста од 45 dB (A).
- Годишно до Европската агенција за животна средина
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
МК НИ 074 Интензитет на бучава преку ноќ (Lн) | EEA – Европска агенција за животна средина | IND-233/TERM 005 , CSI 051 Exposure of Europe’s population to environmental noise |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | 138, Population exposure to environmental noise | |
SDG – Цели за одржлив развој | 3, 11 – Eurostat sdg_11_20 Population living in households considering that they suffer from noise, by poverty status |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | не | |
Кружна економија | не |