МК НИ 060 Учество на обновливaта енергија во бруто финална потрошувачка

88
МК НИ 060
Учество на обновливaта енергија во бруто финална потрошувачка
Дефиниција

Учеството на обновливата енергија во бруто финалната потрошувачка на енергија е однос меѓу бруто финалната потрошувачка на енергија од обновливи извори и бруто финалната потрошувачка на енергија од сите видови енергенти.

Бруто финалната потрошувачка на енергија од сите видови енергенти е збир од финалната потрошувачка на енергија, потрошувачката на електрична и топлинска енергија во процесот на производство во секторите за производство на електрична и топлинска енергија како и загубите на топлинска и електрична енергија при пренос и дистрибуција.

При пресметките на индикаторот со нормализирани вредности во бруто финалната потрошувачка на електрична енергија се користат пондерирани вредности на произведената електрична енергија во хидроцентралите со цел да се избалансират ефектите од климатските промени.

Единици
  • проценти
Клучно прашање за политиката

Дали учеството на обновливата енергија во бруто финалната потрошувачката на енергија е во пораст, и колкав е напредокот кон целта за учество од 23,9% до 2020 година?

Клучна порака

Пресметано со нормализирани вредности, во 2020година уделот на обновливата енергија во бруто финалната потрошувачка на енергија изнесува 19,3%, што претставува пораст од 1,9% во споредба со 2019 година и непостигнување на зацртаната цел од 23,9% во 2020 година. Во 2020 година во однос на 2009 година, која е земена како базна година за следење на целта се забележува пораст од 1,6%.

Во однос на овој индикатор во 2020 година целите од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година во Република Северна Македонија, не се постигнати, земајќи го предвид фактот дека учеството на обновливата енергија во бруто финалната потрошувачка на енергија во 2020 година изнесува 17,8% (вистинска вредност) односно 19,3 % (нормализирана вредност) иако, споредено со вредностите од претходната 2019 година се забележува пораст на уделот на обновливата енергија во бруто финалната потрошувачка на енергија.

 

График 1. Учество на обновливaта енергија во бруто финална потрошувачка (%) за периодот 2000-2020 годинаCSI_060_Energija2022

 

Опфат на податоциexcel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk

Оценка

Учеството на обновливата енергија во бруто финалната потрошувачката на енергија во разгледуваниот период има променлив тренд на пораст и пад. Пресметано со нормализирани вредности, во 2020 година уделот изнесува 19,3%, при што може да се забележи порастна учеството на обновливата енергија во однос на базната 2009 година од 1,6% (пресметано со нормализирани вредности).

Учеството на обновливата енергија во бруто финалната потрошувачката на енергија, денес, првенствено зависи од производството од хидроцентралите, односно може да се каже дека најголемиот процент од произведена енергија од обновливи извори доаѓа од хидроцентралите и покрај постоењето и на други капацитети за производство на енергија од обновливи извори (ветерни централи, фотоволтаични централи, мали хидроцентрали, био гасни централи итн.), . така што уделот на обновливата енергија во бруто финалната потрошувачката на енергија генерално ќе зависи од производството на електрична енергија од страна на хидроцентралите, односно ќе зависи од хидролошката состојба во земјата, се додека не бидат изградени повеќе други капацитети кои користат други обновливи извори на енергија кои ќе имаат значителен удел во производството на електрична енергија од обновливи извори.

Впрочем, променливиот тренд на учеството на обновливата енергија во бруто финалната потрошувачката на енергија во разгледуваниот период се должи токму на променливото производство од хидроцентралите како најголем извор на обновлива енергија во земјата. Така, доколку во една година хидролошката состојба е поволна учеството на обновливата енергија во бруто финалната потрошувачката на енергија е поголемо и обратно, доколку хидролошката состојба е неповолна помало е и учеството на обновливата енергија во бруто финалната потрошувачката на енергија.

Во однос на овој индикатор во 2020 година целите од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година во Република Северна Македонија, не се постигнати, односно се далеку од зацртаното, иако се забележува приближување кон целта споредено со претходната 2019 и базната 2009 година, земајќи го предвид фактот дека учеството на обновливата енергија во бруто финалната потрошувачка на енергија во 2020 година изнесува 17,8% (вистинска вредност) односно 19,3% (нормализирана вредност), а во базната 2009 и претходната 2019 година 17,2% и 15,5% (вистинска вредност) односно 17,7% и 17,4% (нормализирана вредност), соодветно.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Статистичка методологија за пресметка:

  • Регулативата за енергетски статистики на Европскиот парламент и советот (Регулатива бр.1099/2008).
  • „Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998″
Цели

Во согласност со Стратегијата за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година во однос на учеството на обновливата енергија во бруто финалната потрошувачка на енергија како однос меѓу бруто финалната потрошувачка на енергија од обновливи извори и бруто финалната потрошувачка на енергија од сите видови енергенти зацртани се следните цели:

Во референтното сценарио учеството на обновливата енергија во бруто финалната потрошувачка на енергија се проценува на 32%, односно 35% вклучувајќи топлински пумпи, во 2040 година.

Во сценариото на Умерена Транзиција учеството на обновливата енергија во бруто финалната потрошувачка на енергија се проценува на 36%, односно 39% вклучувајќи топлински пумпи, во 2040 година.

Во зеленото сценарио учеството на обновливата енергија во бруто финалната потрошувачка на енергија се проценува на 42%, односно 45% вклучувајќи топлински пумпи, во 2040 година.

Забелешка: Слика 3.11 од Стратегијата за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година.

Обврска за известување
  • Eurostat, ECE/UN и IEA/OECD.
Општи мета-податоци
Тема Енергија Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски промени, Транспорт, Домаќинства, Индустрија, Земјоделство, Води, Шумарство, Отпад, Здравство, Туризам, Економија на животната средина ресурси, Почва, Природа
Код на индикаторот MK НИ 060 Временска покриеност 2000-2020
Име на индикаторот Учество на обновливата енергија во бруто финалната потрошувачка на енергија Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 06.09.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: Стојна Манева
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: stojna.maneva@stat.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 060 Учество на обновливата енергија во бруто финалната потрошувачка на енергија EEA – Европска агенција за животна средина IND-125/CSI 048 , ENER 028
Share of renewable energy in gross final energy consumption in Europe
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 7 – Ensure access to affordable, reliable, sustainable and modern energy for all,
12 – Responsible consumption and production
13 – Climate action
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да