МК НИ 065 Создадена и собрана количина на отпад од пакување

69
МК НИ 065
Создадена и собрана количина на отпад од пакување
Дефиниција

Отпад од пакување е секое пакување или материјал за пакување што создавачот или поседувачот ги исфрла, има намера да ги исфрли или од него се бара да ги исфрли, освен остатоците од производството. Со овој индикатор ја следи количината на создаден отпад од пакување.

Единици
  • Тони/годишно
Клучно прашање за политиката

Колкава е количината на создаден и собран отоад од пакување?

Клучна порака

Во Република Северна Македонија, во периодот од 2011 година до 2015, има зголемување на количината на пакување пуштено на пазар за 33%, во 2016 се забележува благ пад на количините на пакувања пуштени на пазар, за да се зголеми повторно за 44.68% во 2019 година, во однос на 2016. Во 2021 година повторно се забележува пад на количинатана пакување пуштена на пазар за 13% во однос на 2019 година.Генерално гледано количинта на пакување пуштено на пазар бележи тренд на зголемување од 2011 година до 2021 година за 54%.

Истотака, вкупната собрана количина на отпад од пакување во 2021 година изнесува 34.175,44 тони што во однос на 2011 година истата изнесувала 6.198,87 тони што значи е зголемена за 5 пати.

График 1: Тренд на вкупни количини на пакување пуштени на пазарCSI 065 Otpad2022 MK_g1

 

График 2. Тренд на вкупна собрана количина на отпад од пакувањеCSI 065 Otpad2022 MK_g2

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање.

Оценка

Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување се уредуваат барањата за заштита на животната средина кои мора да ги исполнува пакувањето при негово производство, пуштање на пазар и ставање во употреба. Исто така, регулирано е постапувањето со отпадот од пакување што ги опфаќа обврските и одговорностите на економските оператори и другите субјекти кои учествуваат во процесот на производство, пуштање на пазар и ставање во употреба на пакувањето, правилата за собирање, повторна употреба, преработка и отстранување, како и други услови за постапување со отпадот од пакувањето, известувањето и економските инструменти за постигнување на националните цели за собирање и преработка на отпад од пакување.

Во периодот од 2011 година до 2015, има зголемување од 33% на количината на отпад од пакување пуштено на пазар, од 48.340,83 тони на 64.369,48 тони, во 2016 се забележува благ пад на количините на пакувања пуштени на пазар, за да се зголеми повторно за 44.68% во 2019 година, во однос на 2016.

Во 2021 година повторно се забележува пад на количинатана пакување пуштена на пазар за 13% во однос на 2019 година, каде истата количина во 2021 година изнесува 74.666,38 тони, а во 2019 година изнесувала 85.718,72 тони.

Истотака, вкупната собрана количина на отпад од пакување во 2021 година изнесува 34.175,44 тони што во однос на 2011 година истата изнесувала 6.198,87 тони што значи е зголемена за 5 пати.

Напоменуваме дека количината на пакување пуштена на пазар се однесува на податоците добиени согласно доставените извештаии од стана на производителите, колективните и самостојните постапувачи до МЖСПП.

Истотака собраната количина на пакување може да биде и поголема поради тоа што од некои колективни постапувачи немат доставен прецизен податок колку собрале отпад од пакување.

Поради тоа што не сите прозводители на пакување ја почитуваат законската обврска за доставување на годишни извештаи до Министерството за животна средина и просторно планирање или само дел од производителите се вклучени во системот за колективни постапувачи, би можело количината на пакување пуштена на пазар да биде и поголема.

Во 2021 година донесен е нов закон за Управување со пакување и отпад од пакување а истотака треба да се донесат и нови подзаконски акти кои произлегуваат од истиот закон.Исто така се донесе и нов Закон за проширена одговорност на производителот за посебните текови на отпад со кој се уредува видот на одговорноста на производителите по завршувањето на фазата на консумирање на производите што ги пуштиле на пазарот во Република Северна Македонија и начинот на нејзиното остварување заради собирање, преработка и рециклирање на посебните текови на отпад што ги создале производителите со пуштањето на своите производи на пазар, условите, постапката и начинот на организирање заради остварување на проширената одговорност, условите и начинот на финансирање на мерките заради исполнување на проширената одговорност на производителот, правата и обврските на општините и другите субјекти кои имаат удел во постапувањето со посебните текови на отпад, како и други прашања што се од важност за навремено и целосно остварување на проширената одговорност на производителите.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Индикаторот се изработува врз база на одредбите од Правилникот за формата и содржината на образецот на годишниот извештај за видот и количината на пакувањата што се пуштиле или увезеле на пазар во Република Македонија во претходната календарска година и за постапување со отпад од тие пакувања, формата и содржината на образецот на производствената спецификација, формата и содржината на образецот на евиденцијата за вкупното пакување кое е пуштено на пазар или увезено во Република Македонија како и начинот на кој се води евиденцијата и Правилник за начинот на водење, формата и поблиската содржина на базата на податоци и информативниот систем за пакување и отпад од пакување.

  • Недоследност на методологија

Поради тоа што не сите прозводители на пакување ја почитуваат законската обврска за доставување на годишни извештаи до Министерството за животна средина и просторно планирање или само дел од производителите се вклучени во системот за колективни постапувачи, би можело количината на пакување пуштена на пазар да биде и поголема.

Цели

Во 2021 година е донесен нов закон за управување со пакување и отпад од пакување(сл.весник бр.215)

Согласно националните цели од новиот закон од став(4) точка:

1) за пакувањето што е пуштено на пазарот во Република Северна Македонија, треба да се соберат следниве количини и тоа:

– 55% за 2021 година,

– 57% за 2022 година,

– 60% за 2023 година,

– 65% за 2024 година,

– 70% за 2025 година,

– 75% за 2026 година,

– 80% за 2027 година,

– 85% за 2028 година.

2) до крајот на 2021 година најмалку 60% од тежината на отпадот од пакувањето што е создаден на територијата на Република Северна Македонија, треба да се преработи со операции на обновување или операции на енергетска преработка;

3) до крајот на 2021 година минимум 55%, а максимум 80% од тежината на отпадот од пакувањето што е создаден на територијата на Република Северна Македонија треба да се рециклира;

4) до крајот на 2021 година следниве количества на материjали од кои се произведува пакувањето треба да се рециклираат:

– 40% од тежината за стакло,

– 70% од тежината за хартија и картон,

– 50% од тежината за железни метали,

– 10% од тежината на обоени метали,

– 25% според тежината за пластика, со тоа што се зема предвид само материјалот кој е рециклиран назад во пластика,

– 20% според тежината за дрво,

5) најдоцна до 31 декември 2030 година минимум 65% од тежината на целиот отпад од пакување ќе се рециклира;

6) најдоцна до 31 декември 2030 година, треба да се исполнат следниве минимални цели по тежина за рециклирање, во однос на следниве посебни материјали кои се содржат во отпадот од пакување:

– 50% пластика,

– 25% дрво,

– 70% железни метали,

– 50% алуминиум,

– 70% стакло,

– 75% хартија и картон,

7) најдоцна до 31 декември 2035 година минимум 70 % од тежината на целиот отпад од пакување ќе се рециклира и

8) најдоцна до 31 декември 2035 година, треба да се исполнат следниве минимални цели по тежина за рециклирање во однос на следниве посебни материјали кои се содржат во отпадот од пакување:

– 55% пластика,

– 30% дрво,

– 80% железни метали,

– 60% алуминиум;

– 75% стакло и

– 85% хартија и картон.

Обврска за известување
  • EUROSTAT
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средин
Општи мета-податоци
Тема Отпад Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Економија на животна средина, Индустрија, Кружна економија
Код на индикаторот MK НИ 065 Временска покриеност 2011-2020
Име на индикаторот Создадена и собрана количина на отпад од пакување Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 17.08.2022
Тип Б Подготвено/ажурирано од: Арминда Рушити
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: а.rushiti@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 065 Создадена и собрана количина на отпад од пакување EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 12, Sustainable consumption and production
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да
13.12.2022