МК НИ 064 Kоличина на создадени отпадни батерии и акумулатори

68
МК НИ 064
Kоличина на создадени отпадни батерии и акумулатори
Дефиниција

Со овој индикатор се следи количината на создадениот отпад на батерии и акумулатори по видови, истотака се следи и остварување на целитe преку избегнување и намалување на создадениот отпад, постигнување на висок степен на собирање на отпадните батерии и акумулатори, рециклирање и друг вид на преработка на отпадните батерии и акумулатори.

Единици
  • Килограм/годишно, процент (%)
Клучно прашање за политиката

Каква е состојбата со количината на батерии и акумулатори пуштени на пазар во Република Северна Македонија? Колкава е количината на собрани ОБА, количината на третирани, рециклирани и извезени ОБА?

Клучна порака

Во Република Северна Македонија, во разгледуваниот период, од 2011 до 2017 година се забележува зголемување на количината на батерии и акумулатори пуштени на пазар и тоа за 2 пати, но од 2017 до 2023 година количината на батерии и акумулатори бележи намалување за 13%. 

Количината на собраните ОБА од 2011 до 2012 бележи намалување од 79,22%, но во наредниот период, од 2013 до 2020 година, бележи позитивен тренд и се зголемува приближно 3 пати. Понатаму трендот покажува флуктуации на намалување и зголемување, истиот тренд од 2020 до 2023 година  бележи намалување која изнесува 2,78%. 
Количината на третирани и рециклирани ОБА од 2011 година до 2012 бележи намалување од 77%, додека од 2013 година до 2019 година се зголемила за приближно 6 пати, но во 2021 година се забележува повторно намалување од 82% во однос на 2019 година, како резултат на тоа што две колективни постапувачи кои известиле претходната година ова година не известиле а исто така може и да се должи и на состојбата со пандемијата од ковид 19. Во 2023 година имаме зголемување на количината на третирани и рециклирани ОБА во однос на 2021 година за четири пати. 

Според направената пресметка  од расположливите податоци стапката на собирање на преносните отпадни батерии и акумулатори за 2023 година изнесува 53,77%, податоците  земени од колективен и самостоен постапувач кои доставиле извештај до МЖСПП. 
Што се однесува за стапката на собирање на отпадни автомобилски и индустриски батерии и акумулатори од расположливите податоци за 2023  изнесува 250%, податоците  земени од колективен и самостоен постапувач кои доставиле извештај до МЖСПП.

Од обработените податоци  може да се каже дека постапувањето со отпадни батерии и акумулатори има позитивен тренд на зголемување на количините на собраните отпадни батерии и акумулатори со кои постепено би се постигнувале и предвидените национални цели.
 

График 1. Вкупна количина на батерии и акумулатори

Вкупна количина на батерии и акумулатори

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање.

Оценка

Согласно Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, се уредуваат барањата за заштита на животната средина, кои мора да ги исполнуваат батериите и акумулаторите при нивното производство и пуштање на пазар во Република Северна Македонија. Исто така, постапување со отпадните батерии и акумулатори, што ги опфаќа, обврските и одговорностите на економските оператори и другите субјекти кои учествуваат во процесот на производство и пуштање на пазар на батериите и акумулаторите, ограничувањето на употребата на батерии и акумулатори кои содржат опасни супстанции, правилата за собирање, преработка, рециклирање и отстранување на отпадните батерии и акумулатори, како и други услови за постапување со отпадните батерии и акумулатори, известувањето и економските инструменти за постигнување на националните цели за собирање и преработка на отпадните батерии и акумулатори. 

Од разгледуваните податоци за периодот од 2011 до 2017 година се забележува зголемување на количината на батерии и акумулатори пуштени на пазар и тоа за 2 пати, но од 2017 до 2023 година количината на батерии и акумулатори пуштени на пазар бележи намалување за 13%. Вкупната количина на БА пуштена на пазар за 2023 година изнесува 3.072.134,38 kg и тоа: Преносни БА 81.711,66 kg,  Автомобилски БА 2.750.432,27 kg, и Индустриски БА 239.990,45 kg.

Количината на собраните ОБА од 2011 до 2012 бележи намалување од 79,22%, но во наредниот период, од 2013 до 2020 година, бележи позитивен тренд и се зголемува приближно 3 пати. Понатаму трендот покажува флуктуации на намалување и зголемување, истиот тренд од 2020 до 2023 година  бележи намалување која изнесува 2,78%. Вкупната количина на собрана ОБА за 2023 година изнесува 5.848.122,40 kg и тоа: преносни ОБА -34.178,10 kg,  автомобилски ОБА - 5.765.010,30 kg и индустриски ОБА - 48.934 kg. 

Количината на третирани и рециклирани ОБА од 2011 година до 2012 бележи намалување од 77%, додека од 2013 година до 2019 година се зголемила за 6 пати, но во 2021 година се забележува повторно намалување од 82% во однос на 2019 година. Во 2023 година имаме зголемување на количината на третирани и рециклирани ОБА во однос на 2021 година за четири пати. Вкупната количина на третирани и рециклирани ОБА  за 2023 година изнесува 5.743.870,80 kg и тоа : преносни ОБА - 25.586 kg, автомобилски ОБА- 5.664.083,35 kg и индустриски ОБА- 54.201,45 kg .

Според направената пресметка  од расположливите податоци стапката на собирање на преносните отпадни батерии и акумулатори за 2023 година изнесува 53,77%, податоците  земени од колективен и самостоен постапувач кои доставиле извештај до МЖСПП. 
Што се однесува за стапката на собирање на отпадни автомобилски и индустриски батерии и акумулатори од расположливите податоци за 2023  изнесува 250%, податоците  земени од колективен и самостоен постапувач кои доставиле извештај до МЖСПП.
 

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Правилник за начинот на следење и пресметка на реализација на стапките за собирање на отпадни батерии и акумулатори, како и формата на содржината на образецот за следење и пресметка.

  • Недоследност на методологија

Напоменуваме дека количините на отпадни батерии и акумулатори прикажани со индикаторот не соодветствуваат на вкупните количини на батерии и акумулатори пуштени на пазар во Република Северна Македонија, (чија што количина може да биде и поголема), поради тоа што не сите производители на батерии и акумулатори  ја почитуваат законската обврска за доставување на годишни извештаи до Министерството за животна средина и просторно планирање или само дел од производителите се вклучени во системот за колективни постапувачи.

Согласно донесениот нов закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори 2021 година исто така предвидени се и нови подзаконски акти кои треба да се донесат. 

Цели

Согласно новиот донесен закон од 2021 година од Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори поставени се национални цели за собирање и тоа, до 31 декември 2025 година треба:

    a) Годишно да се соберат минимум 45% од тежината на преносните батерии и акумулатори што се пуштени на пазарот на територијата на Република Северна  Македонија и 
    b) Годишно да се соберат минимум 85%, од тежината на автомобилски и индустриски батерии и акумулатори што се пуштени на пазарот на територијата на Република Северна  Македонија.

Обврска за известување
  • EUROSTAT
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Отпад Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Економија на животна средина, Кружна економија, Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 064 Временска покриеност 2011-2021
Име на индикаторот Kоличина на создадени отпадни батерии и акумулатори Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 15.08.2024
Тип Б Подготвено/ ажурирано од: Арминда Рушити
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:a.rushiti@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 064 Kоличина на создадени отпадни батерии и акумулатори EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 12, Sustainable consumption and production
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да