МК НИ 034 Дозволи за води

46
МК НИ 034
Дозволи за води
Дефиниција

Клучен индикатор кој го прикажува степенот на спроведување на Законот за води е процесот на издавањето на управните акти за користење на вода и испуштање во води во Република Северна Македонија. Индикаторот го илустрира трендот на издадени решенија односно дозволи за вода на сите правни и физички лица кои се баратели на предметните дозволи.

Единици

Број на издани дозволи на годишно ниво.

Клучно прашање за политиката

Дали издавањето на дозволите за користење на вода и испуштање во води ќе обезбеди подобрување на системот на управување со водите во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во разгледуваниот период од 2012 до 2021 година, издадени се вкупно 929 дозволи за води, од кои 101 дозволи за испуштање во води и 828 дозволи за користење на вода. Најголем број на издадени дозволи има во 2015 година, 16 дозволи за испуштање во води и 133 дозволи за користење на вода. Бројот на издадени дозволи има тренд на опаѓање во периодот од 2016 до 2019 година, по што се следи благ пораст, што е очекувано согласно утврдениот рок на важност.

 

График 1. Вкупен број на издадени дозволи по години

CSI 034 Voda2022 MK_g1

 

График 2. Број на издадени дозволи според вид на дозвола

CSI 034 Voda2022 MK_g2

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Оценка

Министерството за животна средина и просторно планирање од 01.01.2011 година започна со спроведување на Законот за води. Секторот за води, при Управата за животна средина, согласно поднесените барања и соодветната техничка документација континуирано ја спроведува постапката за издавање решенија за користење на вода (вклучувајќи ги сите намени) и за испуштање во води и тоа за:

  • консумирање од страна на човекот, наводнување, за индустриски,
  • технолошки, стопански потреби и за други намени;
  • за производство на електрична енергија и други погонски намени;
  • за одгледување на риби;
  • за пловидба;
  • за спорт, рекреација, капење и
  • акумулирање, зафаќање, црпење, користење, пренасочување и за
  • други намени.

Во разгледуваниот период од 2012 до 2021 година, издадени се вкупно 929 дозволи за води, од кои 101 дозволи за испуштање во води и 828 дозволи за користење на вода. Најголем број на издадени дозволи има во 2015 година, 16 дозволи за испуштање во води и 133 дозволи за користење на вода. Бројот на издадени дозволи има тренд на опаѓање во периодот од 2016 до 2019 година, по што се следи благ пораст, што е очекувано согласно утврдениот рок на важност.

Исто така од податоците може да се заклучи дека во целиот период поголем е бројот на дозволи за користење на води во однос на бројот на дозволи за испуштање во водите.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Број на издадени дозволи за користење на вода на годишно ниво.

Цели

Со континуирано издавање на дозволите за води во целост ќе се заокружи системот на водно право за користење и испуштање во води со што ќе се обезбеди да не постојат нелегални корисници. Со тоа ќе се обезбеди во целост принципот загадувачот плаќа и принципот на еколошко-социјален и економски концепт.

Обврска за известување
  • Национално
Општи мета-податоци
Тема Вода Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Земјоделство, Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 034 Временска покриеност 2012-2021
Име на индикаторот Дозволи за води Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на дозволи
Класификација по ДПСИР Р Датум на последна верзија 18.08.2022
Тип В Подготвено/ажурирано од: Љупка Д. Зајков
Фреквенција на публикување Годишно Контакт L.Zajkov@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 034 Дозволи за води EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа C3. Total water use
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 2. End hunger, achieve food security, and improved nutrition and promote sustainable agriculture
6. Ensure availability and sustainable management of water and sanitation for all
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да