Регионални системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион

Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион
Министерство за животна средина и просторно планирање
Главни цели на проектот

“Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“
NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137

Да се зајакнат капацитетите и способностите и да се зголеми ефикасноста на структурите на локалната самоуправа за управување со меѓурегионалниот систем за управување со отпад, како и да се подобри јавната свест и учеството во прашањата за управување со отпад со што се штити животната средина преку намалување на создавањето отпад, подобрување на ефикасност на собирање отпад, зголемување на обновувањето на отпадот и постигнување на намалување на загадувањето

Проектни компоненти-резултати

Резултат 1 – Развој и имплементација на Регионална програма за подигање на јавната свест за управување со отпад и кампања која ќе ја поддржи имплементацијата на Регионалниот систем за управување со отпад во Источен и Североисточен регион.

Резултат 2 – Ревизија на постојните Регионални планови за управување со отпад (РПУО) и подготовка на стратегиски оценки за животната средина за источниот и североисточниот регион.

Резултат 3 – Развој на формални и професионални институционални аранжмани за Меѓурегионалното претпријатие за управување со отпад и Регионалните центри за управување со отпад за Источен и Североисточен регион.

Резултат 4 – Зајакнување на капацитетите на Јавните комунални претпријатија во 18 општини за управување со отпад во Источен и Североисточен регион.

Резултат 5 – Поддршка на регионални центри за управување со отпад и општините во врска со подобрувањата за да се обезбеди ефективна и ефикасна инспекција, спроведување и надзор на ЈКП и Меѓурегионалното претпријатие за управување со отпад за Источен и Североисточен регион.
 

Тип на проект
Договор за услуги
Вредност на проектот
1.750.000 eur
Датум на започнување
Датум на завршување
Статус на проект
Тековен
Корисници на проектот
Министерството за животна средина и просторно планирање
Краен корисник
11 општини од Источен регион (Штип, Пробиштип, Кочани, Карбинци, Виница, Чешиново-Облешево, Зрновци, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово), како и општина Свети Николе 0122
6 општини од Северо-источен регион (Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Kратово, Ранковце и Крива Паланка)
Изведувачи
ENVIROPLAN MELETHTIKH-SYMBOYLOI ANAPTYKSIAKON & TEXNIKON ERGON SOCIETE ANONYME (GR)
WEglobal Srl. (IT)
Enviroplan Projects S.A (GR)
Сектор одговорен за спроведување
Сектор за отпад