“Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“
NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137
Да се зајакнат капацитетите и способностите и да се зголеми ефикасноста на структурите на локалната самоуправа за управување со меѓурегионалниот систем за управување со отпад, како и да се подобри јавната свест и учеството во прашањата за управување со отпад со што се штити животната средина преку намалување на создавањето отпад, подобрување на ефикасност на собирање отпад, зголемување на обновувањето на отпадот и постигнување на намалување на загадувањето
Резултат 1 – Развој и имплементација на Регионална програма за подигање на јавната свест за управување со отпад и кампања која ќе ја поддржи имплементацијата на Регионалниот систем за управување со отпад во Источен и Североисточен регион.
Резултат 2 – Ревизија на постојните Регионални планови за управување со отпад (РПУО) и подготовка на стратегиски оценки за животната средина за источниот и североисточниот регион.
Резултат 3 – Развој на формални и професионални институционални аранжмани за Меѓурегионалното претпријатие за управување со отпад и Регионалните центри за управување со отпад за Источен и Североисточен регион.
Резултат 4 – Зајакнување на капацитетите на Јавните комунални претпријатија во 18 општини за управување со отпад во Источен и Североисточен регион.
Резултат 5 – Поддршка на регионални центри за управување со отпад и општините во врска со подобрувањата за да се обезбеди ефективна и ефикасна инспекција, спроведување и надзор на ЈКП и Меѓурегионалното претпријатие за управување со отпад за Источен и Североисточен регион.