Систем на интегритет

Државните органи и институции од јавниот сектор во Република Северна Македонија го прифаќаат интегритетот како темел на доброто управување и стратешки и одржлив одговор на корупцијата.
Систем на интегритет
Системот за интегритет е воспоставен на начин да овзможи државните органи и институции од јавниот сектор да ја извршуваат својата надлежност, почитувајќи ги законите и во согласност со највисоките етички стандарди.

Интегритетот е од суштинско значење за економскиот, социјалниот и општествениот просперитет. Под интегритет се подразбира законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работи со кои службените лица го чуваат својот углед и угледот на институцијата во каја се одговорно лице, односно се вработени, ги елиминираат ризиците и ги отстрануваат сомневањата во можноста од настанување и развој на корупција и со тоа обезбедуваат доверба на граѓаните во вршењето на јавните функции и во работата на јавните институции.