Инвеститорот ДПТ “СИЛГЕН РЕСУРСИС ИНТЕРНЕШНЛ“ ДОО од Кратово, со седиште на ул. “Гоце Делчев“ бр. 70, Кратово, достави известување за намера за изведување на проектот: Експлоатација на минерална суровина – бакар, злато и сребро, на локалитетот “Плавица и Црн врв“ во општина Кратово и општина Пробиштип и преглед со кој се утврдува потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина и листа на проверка за определување на обемот на оцена на влијанието на проектот врз животната средина.
Целта на проектот е искористување на утврдените рудни резерви и поттикнување на локалната, регионалната и националната економија. Рудните резерви предвидено е да бидат експлоатирани со конвенционален метод на експлоатација во површински коп. Во фазата на подготовка на минералната суровина ќе бидат вклучени активности на дробење и мелење на рудата. Фазата на добивање на готов производ претставува екстрактивна металургија што би вклучила хидрометалуршки и електролитски постапки.
Надлежен орган за донесување на одлуката е Министерството за животна средина и просторно планирање.
Целосното известување за намера за изведување на проектот: Експлоатација на минерална суровина – бакар, злато и сребро, на локалитетот “Плавица и Црн врв“ во општина Кратово и општина Пробиштип, може да се види на интернет страната на Министерството за животна средина и просторно планирање -www.moepp.gov.mk.
Контакт лица:
ДПТ “СИЛГЕН РЕСУРСИС ИНТЕРНЕШНЛ“ ДОО од Кратово
ул. “Гоце Делчев“ бр. 70, Кратово; Гоце Златков тел: 032 480 480; 078 373 827
е-маил: gzlatkov@yahoo.com
Министерство за животна средина и просторнио планирање
Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје
Билјана Петкоска – Раководител на сектор за животна средина
Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје
тел: 076 455 427
е-маил: b.petkoska@moepp.gov.mk
Влатко Цветаноски – Советник во одделение за ОВЖС
Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје
тел: 076 455 426
е-маил: v.cvetanoski@moepp.gov.mk